Кога неверството е оправдано?
Теоретски сите знаеме дека прељубата, неверството, шарањето на страна е неморално, но сепак има ситуации за кои некои луѓе ќе сметаат дека неверството...
...е оправдано, под претпоставка дека тие не се излажаните. Меѓутоа, навистина е тешко да се најде оправдување за еден таков чин.
Прељубата е издавање на довербата кон саканата личност, издавање на меѓусебното почитување-какво е тоа почитување кога некого кого треба да сакате, почитувате и поддржувате му работите зад грб?
Прељубата не доаѓа сама по себе, туку е симптом на веќе постоечки проблем, но тоа не ја оправдува.
Има некои ситуации кога некој ќе смета дека прељубата е во ред. Жената може да смета дека е во ред да го изневери мажот... најверојатно маката ја натерала на тоа, или смета дека е во ред што мажот изневерил некоја „змија“, особено ако ја изневерил со неа. (кој и е крив што не успеала да го сочува мажот... ете мажот и се допаднал и нема да се воздржува само затоа што е тој оженет...).
Мажите кои ги изневеруваат своите жени и со тоа се извлечат...се сметаат за „барони“, може да го оправдуваат неверството на други жени особено ако тоа го прават со нив. И се така со ред.
И кое е тука оправдувањето? Нема оправдување.
Луѓето изневеруваат од себичност, бидејќи во тој момент задоволуваат некои свои потреби (за секс, за внимание, за храна, за его) поважно од тоа е прашањето дали ќе ја повредат саканата личност.
Многу е веројатно дека и самите се повредени и дури тогаш се впуштаат во прељуба, но и тоа не е оправдување-ако врската повеќе не функционира, подобро е да заврши.
Најкраткиот одговор на прашањето кога прељубата е оправдана би бил: никогаш.