Дознајте пред да се венчате 2
Кога двајца се заљубени , лесно е да се помисли дека тоа што се сакаат е сосема доволно и дека не им требаат други информации за саканата личност.
Но, сепак постојат работи кои би требало да ги знаете еден за друг за подоцна да не дојде до непријатни изненадувања.
Вероисповест. Добро е да се знае колку и на кого му е важна вероисповеста. Некои се рамнодушни кон тоа прашање, но тоа прашање поради бракот, венчавката или децата одеднаш станува многу важно.
Некојпат толку многу што претходно флегматичната личност може да се претвори во религиозен фанатик.
За верата секојпат треба да се поразговара однапред, а не на ден пред венчавка, кога едниот ќе запне за венчавка во црква, а за другиот тоа ќе преставува глупост за која воопшто нема да сака да дискутира.
Какво е семејството на саканата личност. Секако веќе сте го запознале семејството на партнерот, како и тој вашето.
Но за некои работи треба да поразговарате: дали го/ја одгледале биолошките родители или некој друг, дали во семејството постојат некои поголеми проблеми за кои би требало да знете?
Проблеми со законот во минатото. Дефинитивно не сакате да дознаете дека саканата личност извесно време била во затвор и тоа во моментот кога ќе се обиде да добие нова работа – и го/ја одбијат бидејки претходно бил/а осудуван/а.
Основна работа всушност е да се запознаете што подобро со саканиот за подоцна да нема непријатни изненадувања.