Како да препознаете зависник од секс?

Понекогаш е ова предмет на шега, но зависност од секс е вистински проблем. Влијае на социјалниот живот на зависниците, на психолошката, а со оглед на преференциите, понекогаш и на физичката состојба.

Kako da prepoznaete zavisnik od seks 02

Зависност од секс тешко може да се дијагностицира, бидејќи е сè уште табу тема, а зависниците ретко бараат помош. 

Знаете ли како да препознаете зависник од секс?

Сексуална зависност е прогресивно растројство во интимноста, која се карактеризира со компулсивни сексуални дејства и мисли. Како и сите зависности, има негативно влијание врз зависниците, а проблемот се зголемува со напредокот на нарушувањето.

Оваа зависност доаѓа како и секоја друга зависност која секогаш зад себе крие нешто повеќе. Личноста не сака да се соочи со некој проблем, со тага, болка, губење на некој близок итн. Ова се катализира низ некои работи од кои се станува зависен.

Во случај на сексуална зависност, едно лице може да се чувствува осамено, отфрлено, несреќно и да побара некој друг начин да се задоволи и да ја пополни таа празнина.

Овие негативни чувства мора да се манифестираат, а се рефлектираат во облик на зависност.

Причините можат да бидат депресија или анксиозност, но зависноста може да ја предизвика и сексуална злоупотреба. Во повеќето случаи, поединецот има потешкотии со справување со емоции.

За време на сексот доживува мозочна стимулација, која ги компензира емоциите, а на крајот станува зависник од тоа чувство.

Kako da prepoznaete zavisnik od seks 03

Постојат неколку знаци дека некој е зависник од секс:

Емоционални симптоми

Лицето без проблем влегува во односи со други луѓе, без разлика дали ги познава или не, и тоа го прави многу често.

Бидејќи се плашат дека ќе бидат оставени или напуштени, често остануваат во нездрави односи или одат во други екстреми, ги менуваат врските како чорапи, кога се чувствуваат празно или нецелосно, осамено и срамежливо.

Физички симптоми

Постојат и физички симптоми на ова нарушување. Меѓутоа, најчестиот симптом, кој може да се забележи, е чувство на физичка имобилизација, иритација, неподвижност, статичност и безволност поради сексуални или емоционални опсесии.

Запоставување на семејството, училиштето, работата итн. поради сексуалниот однос.

Оваа зависност не е безопасна. Околу 38 проценти од мажите и 45 проценти од жените се заразуваат со сексуално преносливи болести. Бременоста е, исто така, чест несакан ефект што може да настане поради ризично однесување.

Речиси 70 проценти од жените доживеале најмалку една несакана бременост поради оваа зависност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg