5 грешки кои можете да направите само еднаш - никој нема да ви ги прости
Додека сте во можност да ја набљудувате вашата врска без идеализирање, ќе можете да се справите со сите разлики и несогласувања помеѓу вас и вашиот партнер. Не постои совршена врска.
Луѓе сме и правиме грешки, сите имаме лоши денови и слабости, сепак, ако во таквите моменти направите грешка истата нема да биде непростлива. Зошто? Бидејќи вашиот партнер ве сака и ве разбира. Проблемот се јавува доколку истиот проблем постојано се повторува, без никаков напор да се исправи.
Некои грешки се навистина голем удар за вашата врска и во ред е еднаш да простите. Доколку продолжат да се случуваат повторно, треба да размислите каде оди вашата врска.
5 грешки кои можете да ги направите само еднаш:
Барате емотивна поддршка од поранешниот партнер
Не е ништо лошо да се остане во пријателски однос со вашиот поранешен партнер, сè додека вашиот сегашен партнер се согласува со тоа. Проблемот се појавува кога ќе почнете да барате емоционална поддршка од вашиот поранешен партнер.
Кога овој многу важен фактор го барате надвор од вашата врска, тоа значи дека нешто повеќе не е како порано. Наместо да барате утеха на друго место, отворено разговарајте со својот партнер за здравјето на вашата врска.
Имате тајни
Се разбира дека е потребно време за да стекнете доверба во вашиот партнер. Меѓутоа, ако го делите најголемиот дел од вашето време со него треба да ги споделите сите ваши мисли и несигурности, од успех до грешки.
Не мора да му го кажете секој мал детаљ од секој сегмент од вашиот живот, но кога станува збор за големи работи, воопшто немојте да молчите. Чесен и отворен однос е предуслов за успехот на вашата врска.
Заборавање на важни датуми
Не е страшно ако вашиот партнер го заборавил датумот на вашата годишнина првата година. Поради секојдневните грижи и стрес лесно можат да се заборават работи. Тоа не значи дека вашиот партнер не ве сака, туку е окупиран со нешто друго.
Меѓутоа, ако постојано ги заборава важните датуми, можеби навистина не е доволно заинтересиран за овој однос.
Не се однесувате како пар во јавноста
Можеби на почетокот на врската ве претставил како пријателка, што е во ред, но доколку ова продолжува да се повторува тој не е за вас.
Личноста која ве сака ќе ве претставува со гордост и без срам.
Не ги почитувате границите
Ова е прифатливо кога сте сè уште на почетокот на врската и не сте ги дефинирале границите на вашето однесување.
Се простува дури и кога ќе ги преминеме границите еднаш или двапати, но кога се познавате доволно добро, кога границите се дефинирани, а еден од вас постојано ги минува, значи дека вашата врска нема клучен фактор во која било врска - почит!
Проблемите се составен дел на врската и не се нерешливи.
Ашера | Црнобело