5 прашања чии одговори ќе го лоцираат проблемот во љубовната врска

Ако чувствувате дека нешто не е во ред со вашиот љубовен живот, лоцирањето на проблемот можеби е поедноставно отколку што мислите. Постои еден краток и лесен начин да дојдете до местото каде вашите патишта се разидуваат, а тоа е да си поставите неколку прости прашања.

5 prasanja cii odgovori ke go lociraat problemot vo ljubovnata vrska 01

Дали ја имам слободата да бидам „јас“?

Врската почнува да напукнува тогаш кога едниот или двајцата партнери стануваат повеќе загрижени за задоволување на потребите на другиот, по цена на стремежот кон она што го сакате и посакувате.

Во многу врски, ова, всушност, започнува уште првиот ден, бидејќи токму тогаш сме најконцентрирани да изгледаме привлечно за да ја освоиме другата личност.

Ако продолжи да се случува и понатаму, со тек на време ќе станете толку навикнати да го задоволувате вашиот партнер што целосно ќе го изгубите своето чувство за себе, и во екстремни случаи, сите ваши одлуки ќе бидат донесени само за да ја направите другата личност среќна.

Се разбира, ова води кон огорченост и гнев, иако често не сфаќаме дека се сведува на фактот дека сме дале дел од себеси.

Добрата вест е дека никогаш не е предоцна да се поврзете со себе, а тоа почнува кога ќе си дадете слобода да бидете свои.

Во суштина, ова значи дека ќе почнете да правите повеќе нешта за себе, и ќе престанете да ги занемарувате тие интереси и амбиции за кои сте загрижени дека не се во склад со партнерот.

Научете да кажете „не“ на активности и искуства за кои не сте заинтересирани, и вие одвојте време само за вас - најмалку 30 минути на ден - кога правите нешто со единствена цел да уживате во себе.

5 prasanja cii odgovori ke go lociraat problemot vo ljubovnata vrska 02

Можам ли да му дозволам на мојот партнер да ја има истата слобода?

Ова е од суштинско значење. Охрабрете го својот партнер да го прави она што го инспирира и подобрува како личност, па дури и ако не сте вклучени во тоа.

Тој ќе биде полни со енергија поради можноста и ќе се врати дома благодарен.

Прекрасното нешто во донесувањето на ова взаемно чувство на слобода во врската е тоа што ќе престанете да се обидувате да се менувате еден со друг.

Заедно ќе го градите вашиот однос со голема леснотија и уживање.

Дали очекувам работите да бидат совршени?

Речиси секој има мислење за тоа како треба да изгледаат меѓусебните односи. Кои се вашите очекувања за совршен партнер и совршена заедница? И уште поважно: од каде доаѓаат тие идеи и идеали?

Многу луѓе градат слика за тоа каква врската треба или не треба да биде од типот на однос што го имале неговите родители, или од она што го гледаат на социјалните медиуми, или од бракот на нивниот најдобар пријател.

Секогаш вреди да се прашаме зошто бараме одредени стандарди од нашите односи.

Згора на тоа, секогаш кога визуелизираме како треба да изгледа совршенството, таа визија не враќа назад. Не затоа што очекувањата се превисоки, туку претесни, и се трудиме искуствата да ги собереме во рамката што ја замислуваме без реална потреба за тоа.

5 prasanja cii odgovori ke go lociraat problemot vo ljubovnata vrska 03

Колку често си судам себеси и на мојот партнер?

Никој не е виновен: навикнати сме да делиме проценки целиот наш живот. Ги делиме и луѓето и нивните постапки на добри и лоши, правилни и погрешни.

На ист начин како што потрагата по совршенство ви го ограничува животот, истото го прави и судењето.

Кога станува збор за врска, нема двајца луѓе кои имаат исти мислења за тоа што е исправно, погрешно, прифатливо и така натаму, па се што добивате се два различни судови - и двајца луѓе кои одбиваат да се повлечат од тоа како ја гледаат ситуацијата.

Ослободете се од расудувањето и ќе се ослободите самите, ќе го расчистите умот и ќе се придвижите напред.

5 prasanja cii odgovori ke go lociraat problemot vo ljubovnata vrska 04

Како повторно да се забавуваме?

Што ви се допаѓаше кај вашиот партнер и како се забавувате заедно? Кога последен пат сте имале таква забава (или било каков вид на забава)?

Секако, ако имате деца или други обврски, може да биде тешко да си посветите време едни на други, но многу е важно да го направите тоа.

Прашајте го вашиот партнер како може да се забавувате денес? Што можете да создадете?

Секој ден пронаоѓајте нешто за кое сте му благодарни на вашиот партнер и кажете му го тоа. Често се земаме здраво за готово, и забораваме колку се важни едноставните нешта.

Здрава врска е онаа во која благодарноста е карактеристика на секој ден - во секој момент, всушност.

Тоа е оној момент каде што си ја дарувате слободата да ги следите вашите страсти. Тоа е оној момент кога прашувате што можете да создадете заедно и каков придонес можете да дадете едни кон други. Тоа е момент кога гледате во иднината со возбуда и љубопитност и велите: „Што е следно?“

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg