6 видови мажи кои не се добар „материјал“ за брак
Можеби ова звучи грубо, но некои мажи се добар „материјал“ за брак, а некои не се.
Бракот подразбира верност, искреност, посветеност, подготвеност за компромиси и жртвување.
Некои мажи едноставно немаат вакви квалитети, а ова се 6 видови на мажи кои не се добар „материјал“ за брак:
1. Мажот кој ви го скршил срцето и никогаш не се извинил за тоа
Можеби тој со вас гледа иднина и сака да го поминете остатокот на својот живот заедно. Но ова не е доволно за среќен брак доколку никогаш не ви се извинил за тоа што ве повредил порано.
Сите правиме грешки во животот, но важно е да бидеме способни да ги признаеме нашите грешки и да се извиниме за истите.
2. Неверен маж
Заблуда е да се верува дека мажот, кој порано бил неверен, ќе се смени кога ќе се ожени.
Дури и доколку тоа се случи, на таков човек никогаш нема да можете целосно да му верувате.
3. Егоистичен маж
Во љубовта и бракот понекогаш треба да се ставиме себеси на друго место. Мажите кои се премногу окупирани со себе и кои сметаат дека се поважни од вас нема да ги ставаат вашите потреби на прво место. Поради тоа тие не се добар „материјал“ за брак.
4. Измамник
Мажот кој лаже за да дојде до брз и лесен плен не е личност на која можете да ѝ верувате. Дури и доколку тоа никогаш не би ви го направил на вас, никогаш не знаете кога ќе бидете во неволја поради неговите дела.
5. Мрзлив маж
Доколку е моментално невработен може да ги преземе домашните работи на себе, како што е грижа за куќата, грижа за децата и слично. Никој не сака мрзелива личност која по цели денови ќе седи на каучот пред телевизорот.
6. Маж кој не знае да се справува со проблемите
Во брачните завети делот „во добро и зло“ не постои без причина. Маж кој се исклучува и кој се оддалечува веднаш штом ќе се појави проблем нема да биде со вас кога ќе ви биде најпотребно.
Не ви треба сопруг на кој не можете да сметате.
Ашера | Црнобело