Дали страдате од љубовна анксиозност?
Иако анксиозноста што ја создаваат љубовните врски не изгледа како многу опасен проблем, таа може да направи голема штета доколку не ги препознаете предупредувањата.
Капка по капка, чашата брзо се полни и несигурноста од вашите минати искуства ќе ја сруши и најстабилната врска.
Идентификувајте ги знаците пред да биде предоцна:
Не сте присутни
Можеби сте физички присутни, но анксиозноста прави да отсуствувате емоционално и ментално. Не дозволувајте вашиот ум да талка и да размислува за негативни работи за кои мислите дека ќе се случат.
Немате доверба во партнерот
Анксиозноста е страв од губење контрола. Кога сте вознемирени, потсетете се дека вие имате контрола врз сопствениот живот.
Вознемирен партнер е партнер кој е повеќе склон на љубомора и несигурност. Ако сте вознемирени, ќе се фатите себеси како му ѕвоните на партнерот сто пати дневно, праќате драматични пораки или чувствувате потреба да го видите за да се осигурате дека е во ред.
Ова е чиста инвазија на приватноста на другата страна, и многу лесно може да предизвика раздор во врската.
Размислувате за сè и сешто
Луѓето кои се анксиозни во врска размислуваат секогаш и за сè. Размислувањето може да влијае на тоа колку удобно се чувствувате кога станува збор за отворен разговор со вашиот партнер.
Може да бидете загрижени за последиците од она што го кажувате, но чесноста е најдобрата политика кога станува збор за односите. Ако има една личност со која би требало да бидете искрени, тоа е дефинитивно вашиот партнер.
Надминување на оваа состојба може да потрае некое време и бара многу доверба.
Сè сфаќате лично
Вознемирените луѓе лесно носат погрешни заклучоци, па го претпоставуваат најлошото.
Има денови кога на вашиот партнер ќе му треба време за себе - не го сфаќајте тоа лично.
Наместо тоа, можете да се обидете да разговарате и да дознаете што се случува. Можеби вашиот партнер се соочува со некаков стрес или едноставно сака да се посвети на сопствените потреби на кратко.
Пасивно - агресивниот начин е вашиот начин
Анксиозноста може да доведе до чувство на раздразливост. Кога сте раздразливи, многу веројатно реагирате пасивно-агресивно. Ако сте лути и тоа го манифестирате со молчење, суптилно навредување или тврдоглавост, дефинитивно е време да се поправите.
Ваквото однесување не ве води никаде - искажете ги својот гнев и фрустрации, но на мирен начин.
Често се лутите
Повеќето луѓе кои патат од љубовна анксиозност ги иритираат и најмалите нешта. Полека но сигурно, ваквите чувства се претвораат во гнев. Има толку многу поздрави начини да се искаже гневот и да се спречи истиот, а првиот чекор е промена на начинот на живеење.
Постојано сте љубоморни.
Претераната љубомора е црв што ја јаде врската. Можеби сте биле измамени во минатото, но не е фер да го рефлектирате вашето минато на секој што ќе го сретнете.
Нормално е да се плашиме да бидеме напуштени, изневерени или запоставени. Сепак, вашиот сегашен партнер не е таа личност која ве изневери.
Анксиозноста е непотребна загриженост за работите уште пред да се случат. Кога станува збор за анксиозност во врска, тоа значи дека имате постојан страв дека вашиот партнер ќе ве остави.
Силната верба во себе е единствениот начин да ги избегнете овие чувства.
А. Ш. | Црнобело