8 причини зошто сè уште не сте ја пронашле љубовта на својот живот

Уште една саботна вечер на каучот во дневната соба, во прегратките на вашиот најверен пријател - поларното ќебе. 

8 pricini zosto se uste ne ste ja pronasle ljubovta na svojot zivot 01

Вашите пријатели се сигурно во некое кафуле и го пијат третиот коктел по ред, а како не би кога сите се среќно заљубени. Освен вас. 

Звучи грубо и сигурно се чувствувате осамено, но која е причината поради која не можете да одржите врска?

Ако сè уште не сте ја нашле љубовта на својот живот, а се чувствувате како да сте направиле сè во ваша моќ, размислете уште еднаш. Каде грешите?

Барате премногу од луѓето

Дали некогаш сте помислиле дека можеби им создавате притисок на луѓето околу себе да бидат совршени? Треба да бидете свесни дека љубовта не е баш таква.

Никој не е совршен и треба да престанете да мислите дека не заслужувате ништо помалку од совршена личност. Всушност, љубовта се заслужува, не паѓа туку така од небо.

Очекувате премногу од луѓето

Не може да имате партнер кој поседува сопствен бизнис и истовремено да барате од него да биде присутен дома 24/7. Нереално е и да се очекува било кој да биде присутен во вашиот живот 24/7, секој од нас има свои обврски.

8 pricini zosto se uste ne ste ja pronasle ljubovta na svojot zivot 02

Сметате дека е непотребно да се промените

Мислите дека сте супер такви какви што сте, но доколку уште не сте ја пронашле вашата сродна душа, можеби е добро да погледнете на вашата страна од равенката.

Размислете дека постои нешто во врска со вас што не ви дозволува да ја најдете вистинската личност. Тоа сигурно не е вашиот изглед, туку вашиот карактер, вашите барања, вашите обврски.

Избирате погрешни луѓе

Можеби имате свој тип, но ако врските со таквите типови ви пропаѓаат одново и одново, дефинитивно правите погрешен чекор. Среќата ќе ја пронајдете таму каде што најмалку очекувате, затоа гледајте околу себе со очи широко отворени.

Кога ќе пронајдете некого, мислите дека нема да трае

Впуштањето во врска со мислењето дека е таа е осудена на пропаст значи едно нешто - ќе ѝ се случи пропаст. Всушност, вие ѝ пресудувате на врската дури и пред истата да започне. Ослободете се од претпоставките ако сакате да мрднете од мртва точка.

8 pricini zosto se uste ne ste ja pronasle ljubovta na svojot zivot 03

Едноставно кажано, си играте играчки

Вознемирени сте и повредени, но кога другата страна ќе ве праша во што е проблемот, вие одмавнувате со главата и велите „ништо“.

Проблемот тука е што партнерот не знае што прави погрешно, со што вашето незадоволство дополнително се зголемува. Зборувајте за грижите, тоа е единствениот начин да се изгради доверба.

Мислите дека љубовта е сè што ви е потребно

Грешка! Потребно е многу повеќе од љубов да се изгради здрав, долготраен однос. Успешен однос подразбира доверба, посветеност, приврзаност, привлечност, комуникација и многу повеќе.

Мислите дека сте премногу стари

Не е важно колку години имате, никогаш не сте премногу стари за да најдете љубов.

„Сите добри се омажија/оженија“ е погрешно тврдење. Со возраста доаѓа мудроста, па веројатно е дека ќе направите подобар избор.

Најголемата вистина кога станува збор за пронаоѓање на љубовта е следното: не дозволувајте да ве дефинира недостатокот на љубов. Секој е достоен за љубов, но не заборавајте да се сакате себеси во меѓувреме.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg