Целосно внимание, страст, поддршка... (Само) 15 работи кои жените ги сакаат од своите мажи
Правилата во една врска се договараат заеднички помеѓу двајцата партнери, но и покрај тоа, секоја жена сонува за маж што ќе ги оствари сите нејзини желби.
Ова се работите коишто секоја жена ги сака (и очекува) од својот партнер:
1. Целосно внимание од мажот во важните моменти од животот.
2. Комплименти кажани на глас (удар по задникот и намигнување не се сметат).
3. Добрите манири се секогаш пожелни, без оглед на тоа колку долго сте во врска.
4. Внимателна рамнотежа помеѓу бруталната искреност и малите слатки лаги. На пример, се бара искреност кога ќе ве прашаат дали ве повредила расправијата, но ќе премолчите кога ќе ве прашаат дали ќе ви пречи мајка ѝ да дојде на ручек.
5. Апсолутна страст кон еден дел од телото: градите, нозете, очите, колковите, вратот и слично. И многу предигра.
6. Секс кој вклучува контакт со очите, љубење и галење по сексот. Играње со секси играчки и неочекувани пози не се исклучени, но „обичниот“ секс треба да биде достапен кога и да посака жената.
7. Потврдување на вашата врска пред неговите пријатели, фамилија но и познаници на друштвените мрежи. Статусот „сингл“ на Фејсбук боли исто како да се преправа дека не сте заедно.
8. Јавни пофалби за вашите успеси. Треба да се чувствувате ценето и пофалено во одредени ситуации.
9. Лошото расположени да не се препишува секогаш на ПМС или менструација (бидејќи причината не секогаш е таа!)
10. Витештво и галантност. Ова не ве прави разгалена принцеза, туку само жена која заслужува внимание.
11. Јавување во времето кога некој ветил дека ќе се јави. Не е пријатно да се чека со денови за еден обичен телефонски повик.
12. Поддршка кога ќе ѝ се спротивставите на личност на која никогаш досега не сте ѝ се спротивставиле. И голема прегратка ако соочувањето не поминало како што треба.
13. Подароци коишто знае дека ќе ви се допаднат, иако можеби не се по вкусот на партнерот.
14. Прифаќање и позитивен став дури и кога малку ќе се поправите или нема да изгледате како во првите денови од врската.
15. Почитување и верност!
(О)Милена | Црнобело