10 работи кои се поважни од надворешниот изглед на партнерот
Најголемиот акцент во денешното општество е ставен на нашиот надворешен изглед, односно одразот што го гледаме во огледалото. Без разлика дали сме жени или мажи, неминовно сите сме опседнати со тежината, виткоста на телото, целокупниот надворешен физикус.
Некој некогаш рекол – изгледот привлекува, карактерот задржува. Денес тоа можеби звучи наивно и смешно, но сакаме да веруваме дека е вистина. И дека постојат многу повеќе работи кои му се далеку поважни на партнерот од (само) надворешниот изглед.
Еве ја листата:
1. Вашата способност за сочувство и емпатија
2. Страста за одредени работи и генерално за животот
3. Интелигенцијата и интелектуалноста
4. Колку многу сте постигнале исклучиво со сопствен труд и работа
5. Вашата способност да сакате, без оглед на тоа колку пати сте биле повредени во љубовта
6. Начинот на кој се однесувате со луѓето коишто не ги познавате
7. Вашите јасни ставови на одредени теми
8. Искуството и самодовербата кои ги поседувате
9. Луѓето со кои сте опкружени, вашето семејство, пријателите
10. Верноста, искреноста и комуникацијата кон партнерот
Имате ли да додадете уште нешто?
(О)Милена | Црнобело