Зошто некои жени и мажи глумат оргазам?
Различни истражувања покажаа дека и мажите и жените глумат оргазам, а жените го прават тоа почесто. 11-34% од мажите велат дека барем еднаш глумеле оргазам во нивниот животот, додека истото го тврдат 50-68% од жените. Мажите и жените почесто глумат оргазам во подолгите врски.
Мажите генерално се чувствуваат понепријатно од жените кога глумат оргазам, а некои жени чувствуваат вина и срам, бидејќи не можат да доживеат оргазам за време на сексот.
Зошто некои жени и мажи глумат оргазам?
Најчестата причина за ова глумење кај жените е стремежот мажот да се чувствува сигурно и задоволно. На некои жени глумата им е тактика со која ќе се обидат да го задржат мажот, а некои сакаат дополнително да го возбудат партнерот за да продолжат со сексот.
Некои жени глумат оргазам за да го завршат сексот, бидејќи нивните партнери сметаат дека сексот не може да заврши без оргазам. Некои жени едноставно не можат да постигнат оргазам.
Иако мажите ги прати репутација дека можат да постигнат оргазам во секое време, тоа не е секогаш случај. Стрес, несоница, алкохол, лекови, како и здравствените проблеми можат да ги натераат мажите да го глумат оргазмот.
На мажите им е потешко да глумат оргазам, но тоа не е невозможно, особено ако користат кондоми. Други причини за ова можат да бидат обиди да ја изградат самодовербата на партнерот, желба да се доживее оргазам во исто време, односно, обид да се создаде атмосфера на заемно задоволување.
Истражувањата покажуваат дека мажите, во текот на сексот, имаат пет пати поголема веројатност да доживеат оргазам, за разлика од жените. Дури 88% од жените не можат да постигнат оргазам без директна стимулација на клиторисот.
Жените често се плашат да бидат искрени, не се познаваат доволно или не знаат дека сексот може да биде задоволувачко искуство. Покрај тоа, жените честопати ќе го почувствуваат притисокот да бидат добри во креветот и да се покажат како сексуална, но не премногу сексуална жена.
Она што мажите и жените често го забораваат е дека многу луѓе треба да се чувствуваат безбедно и пријатно, пред да бидат интимни и подготвени за физичка стимулација.
Мажите и жените веруваат дека знаат што сакаат нивните партнери, но се чини дека често се во криво. Сексот треба да биде пријатно, забавно и поврзувачко искуство, а не нешто поради што чувствуваме вина или срам.
Треба да престанеме да претпоставуваме дека секој маж и секоја жена реагираат исто на сите работи во креветот и отворено да комуницираме.
Оргазмите, вистински или одглумени, не се мерка за добар и исполнет секс. Ако целта на сексот ни биде задоволство, а не докажување колку сме моќни мажи или фатални жени, тогаш оргазмот не мора да биде составниот дел на сексуалната равенка.
Ашера | Црнобело