Зошто на една врска ѝ се потребни и лаги за да преживее?
Искреноста е одлична основа за создавање здрава и сериозна врска, но некогаш и некои лаги се повеќе од добредојдени.
Ако се прашувате зошто, одговорот е едноставен - поради она што се нарекува „премногу информации“.
Едно нешто на кое ги учиме децата уште од најмлада возраст е да не лажат, кажувајќи им дека ќе им порасне носот или дека ќе фатат вошки. Дете никогаш нема да излаже, наивно верувајќи во тврдењата на возрасните.
Секако, искреноста е клучна во сите меѓучовечки односи, но некои нешта треба да останат засекогаш за нас.
Здрави лаги
Некои лаги се неопходни, како на пример тоа дека сакате да чуете како му поминал работниот ден на партнерот или дека новата фризура го „отвора“. Тие се знак на грижа еден за друг.
Овие ситни лаги, кои сакаме и да ги нарекуваме бели, не се штетни за врската. Затоа и треба да ги разликуваме од гревовите.
Криењето на вистината не е лажење?
Некои нешта е подобро да останат скриени од вашиот партнер. Тука спаѓаат на пример, кафето со бившиот/ата кое беше најпријателско на светот, гледање на новата епизода без нив, некој детаљ од вашето минато...
Парадоксалниот момент е што кога лажете со добра намера, верувате дека тоа е со добра намера. Но, кога вие би биле излажани, воопшто не би ви било драго да го знаете тоа.
Постои ли „премногу информации“ во врската?
Многумина згрешиле мислејќи дека сериозната врска или бракот се доволни за да ја соголат својата душа пред партнерот. Но, целосната искреност може да биде дури и деструктивна.
Можеби мислите дека сакате да знаете сè за животот и минатото на вашиот партнер, но тоа некогаш ќе ви предизвика стрес и недоверба, бидејќи едноставно, таква
Е. Д. | Црнобело