Тајната на сапиосексуалноста: Зошто интелигенцијата ни е толку привлечна?
Во последно време сè повеќе и сè почесто слушаме за зборот сапиосексуалност. Сапиосексуалност е нов збор кој означува интелектуална привлечност. Се работи за моментот кога едно лице сфаќа дека интелигентниот соговорник сексуално го привлекува со своите зборови.
Дали овој збор е откровение за сите оние кои до сега не можеле да го опфатат ова сложено чувство?
Која е тајната на сапиосексуалноста и зошто интелигенцијата може да биде толку привлечна?
Прво треба да го дефинираме зборот интелигенција. Пред сè, интелигенција е збор од латинско потекло, а во буквален превод претставува способност за увид.
Човечката интелигенција не се базира само податоците и знаењето, таа вклучува и емотивни, социјални, когнитивни и други подвидови на интелигенција и е многу сложен феномен.
Интелигентните луѓе ги карактеризира нивната умешност, духовитост, генијалност, шарм и способност да заведат. Овие особини не се „резервирани“ само за т.н. сапиосексуалци, туку за речиси секој човек.
Тие се клучни во изборот на партнер, без разлика дали сме свесни за тоа или не.
Научно објаснување за сапиосексуалноста
Во последните 2,5 милијарди години, човечкиот мозок е тројно зголемен. Ниту еден друг вид не успеал да развие такво неверојатно ниво на интелигенција како човечкото суштество. Но, зошто?
Човекот би можел, речиси, подеднакво продуктивно да функционира со многу помал мозок, но оваа функција поради некоја причина еволуирала.
За овој феномен нуди објаснување сексуалната селекција, оригиналната теорија на Дарвин. Овој вид на селекција ја објаснува невообичаено големата и раскошната опашка на паунот (поради кој не може да лета ако е во опасност), роговите на елените, гласната песна на птиците и човечкиот мозок.
Сите овие особини се развиле за да помогнат во борбата за сексуалниот партнер.
Интелигенцијата е „индикатор за општото здравје на личноста“, по што може да се заклучи дека нашите предци го избирале партнерот врз основа на неговата интелигенција за да создадат плодно потомство.
Изразениот интелект кај партнерот ги зголемувал шансите за преживување на потомството.
Иако постојат и други објаснувања за развојот на интелигенција кај луѓето, теоријата за сексуалната селекција остана најшироко прифатена досега.
Ашера | Црнобело