Како најлесно и најбезболно да раскинете врска?
Нема сомнеж дека одлуката да се прекине врска воопшто не е лесна и дека тој што раскинува врз себе зема преголем товар.
Секој од нас кој прекинал врска, знае дека тој процес може да доживее многу одложувања и предомислувања, но на крајот, всушност и е олеснувачки.
Кога е вистински момент да се прекине?
Во првиот момент кога сте помислиле дека треба да раскинете, тој процес веќе започнал. Колку и да давате нови шанси, па дури и кога имате емоции, јасно ви е дека сепак ништо нема да биде како порано.
Можеби ќе се сомневате во својата одлука, а тоа ќе ви предизвикува голем стрес, но запомнете - вие сте тие кои сте најважни и треба да мислите на својата среќа. А ако не сте среќни во некоја врска, тогаш го имате полното право таа да ја прекинете.
Но, пред да го направите тоа, имајте ги предвид овие нешта:
Не сте лоши и злобни затоа што раскинувате
Многупати луѓето се плашат дека со раскинувањето премногу ќе го повредат другиот, па ја одложуваат таа одлука. Точно е дека ќе биде болно, па дури и за оној кој раскинува, но повеќе ќе боли ако долго останете во однос кој е токсичен и за двајцата.
Колку порано го решите овој проблем, толку повеќе време си оставате и себе и на другиот за закрепнување и вртење нова страница.
Направете го тоа лично
Иако изгледа полесно да раскинете преку телефон или преку порака, направете го тоа лично. Ако има можност, нека биде тоа кај нив дома, за да можете да ги поштедите од враќање дома во шок и од емоционално кршење на јавно место.
Што и да кажете на почеток нема да го ублажи она што следува, но потрудете се да бидете што понежни.
Не им ги потенцирајте недостатоците
Кога некому раскинувате, се чувствува доволно лошо и вие не треба да правите да се чувствува уште полошо. Не зборувајте пред други луѓе колку ви било лошо, дури и ако навистина е така.
Сетете се дека некогаш сте имале позитивни емоции за таа личност, па лошите зборови зачувајте ги за озборувањата со најдобриот пријател.
Одлуката е само ваша
Можете да разговарате со родителите и пријателите, да ги кажете вашите намери и да бидете подготвени да добивате секакви совети. Но, не дозволувајте тоа да ве предомисли.
Одлуката дали ќе останете со некого во врска или не е само ваша и треба да ја донесете со ладна глава.
Е. Д. | Црнобело