Долгите и среќни врски се сериозна работа и многу, многу труд

Здравата врска значи да се наоружате со трпение, разбирање, доверба, почит и подготвеност за жртви и компромиси. Секоја врска која ги нема овие елементи е осудена на пропаст.

dolgite-i-srekjni-vrski-se-seriozna-rabota-i-mnogu-mnogu-trud-01.jpg

Врските никогаш не се мирно патување, потребна е тешка работа и посветеност. Потребно е многу напор и жртва за да се изгради здрава, среќна и долга врска.

Не постои такво нешто како совршена врска. Секоја врска има подеми и падови и ако двајцата партнери не покажат трпение и подготвеност да работат заедно за да го надминат секој предизвик и проблем кој ќе им излезе на патот, тогаш нивната врска неизбежно ќе пропадне.

Здравата врска значи да го оставите минатото зад себе, да се наоружате со трпение, разбирање, доверба, почит и подготвеност за жртви и компромиси. Секоја врска која ги нема овие елементи е осудена на пропаст.

Најважно од сè потребна е љубов за да градите силна, значајна и успешна врска. И тоа не каков било тип на љубов, туку онаа најдлабоката и најискрената што можете да ја дадете. Најбезусловната и најинтензивната што можете да ја понудите.

Љубов што е доволно силна за да ги надмине предизвиците. Затоа што со нив се соочува секој пар. И само оние одлучните кои се решени дека ќе ја надминат тешката фаза заедно, само тие опстануваат.

Само паровите кои не се откажуваат еден од друг на првиот знак на неволја, само тие успеваат.

Затоа треба да престанеме да очекуваме дека романтичните врски се совршени. Да престанеме да очекуваме дека личноста со која сме во врска ќе се однесува токму онака како што ние сакаме. Затоа што ова не е вистинска љубов.

Квалитетна врска е онаа каде го прифаќате и цените својот партнер онаков каков што е. Кога сте свесни за сите негови слабости, иритирачки навики и стравови и истите ги прифаќате, наместо да ги осудувате.

Добра врска е онаа која ја градите кога ќе сфатите дека вашата втора половина не е совршена, но ја третирате како да е. Кога верувате во нејзината добрина, дури и кога прави грешки. Кога ги почитувате нејзините мислења и ставови, без разлика колку се поинакви од вашите. Кога верувате во вашиот партнер и неговата способност.

Кога ќе прифатите дека постојат мигови кога нема да можете да се грижите еден за друг и за вашите желби и потреби. Кога ќе прифатите дека во некои моменти страста помеѓу вас нема да биде толку интензивна како на почетокот од врската.

Кога ќе разберете дека ќе има моменти кога работите ќе бидат толку тешки што само ќе сакате едноставно да се откажете од сè.

Но, токму во тие тешки моменти ќе разберете што значи вистинската љубов. Дека значи да ја напуштите комфорната зона и понекогаш да ги жртвувате своите потреби, приоритети и желби во име на среќата на другиот.

Значи да се потсетите себеси зошто ја избравте другата личност во миговите кога врската ќе биде тешка. Да инвестирате време и напор во неа.

Комплетно да му се посветите на партнерот и да дадете сè од себе за врската да трае засекогаш.

Извор

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg