Природни афродизијаци
Луѓето во разни делови од светот со векови експериментираат со разни состојки во потрага по храна која ќе ја поттикне желбата за секс. Природните...
...афродизијаци се евтини, а во нивниот ефект се увериле бројни генерации.
Освен што се добри за либидото, овие состојки се воедно и здрави за духот и телото:
1. Нане. Освежувачко и вкусно. На Карибите се смета за најсилен природен афродизијак, особено во облик на сируп.
2. Магдонос – содржи висока концентрација на етерични масла и во поголеми количини може да ја разбуди фантазијата.
3. Аспарагус – фолната киселина во аспарагусот поттикнува циркулација што е особено важна за оние кои имаат проблеми со потенцијата.
4. Остриги – хранливи се заради големото учество на белковините, а во јужните делови на Европа се сметаат дека ги прават мажите поиздржливи во кревет.
5. Банани – мажите во племињата во прашумите на Амазон, „пушат“ исушени влакна од бананите. Индијанците ги сметале бананите за еден од најголемите природни афродизијаци.
6. Ананас – покрај витамините, содржи и органска киселина и минерални соли, а во комбинација со чили или мед и рум е посебно ефикасен на полето на сексот.