Дали се плашиме од романтична љубов?
Дали филозофијата на модерната љубов се разликува од онаа на претходните времиња, особено ако постои резерва или страв од вљубеност и страсна љубов? Емотивниот живот и љубовните врски за секој човек се индивидуални.
На нашите емоции и обликување на истите влијаат повеќе фактори, семејството, родителите, детството…Така понекогаш упорно ги повторуваме истите грешки и модели на однесување во љубовните врски.
Некои луѓе избираат погрешни партнери, како да се осудени на истото повторување. Живееме во ера на големи промени, инстант решенија, технолошки влијанија, друштвени мрежи, апликации за барање на партнери…значи ли ова дека и дефинирањето на љубовта треба да се адаптира на модерната култура?
Постои ли денес страв од романтична љубов?
Романтична љубов подразбира силни чувства кои одеднаш нè фаќаат, не зависат од нашата волја и го менуваат нашиот живот, при што субјектот на љубовта станува центар на нашиот свет. Нашите надежи, блаженството или проклетство зависат од погледот на саканата личност, ситните знаци на внимание и сл.
Негативната страна на романтична љубов е - зависност. Нашата среќа или несреќа зависи од некоја друга личност.
Денес постои тренд на намерно бегање од страсна љубов, поради чувствата, непредвидливоста и болката што може да резултира со таква врска.
Современите девојки и мажи се претпазливи, претпочитаат стабилна врска без многу лудост во љубовта, но и без непријатни последици од истата.
Понекогаш дури и целосно се избегнува која било форма на приврзаност. Луѓето живеат осамени, или во лоши и прилично површни врски. Партнерите ги менуваат често, без многу стрес, бидејќи никој не е незаменлив.
Во случај на неромантична љубов, освен избегнување на љубовна болка, постои уште еден општествен елемент - желба за социјален статус и престиж.
Можеби славната двојка нема да ја врзува страсната љубов, но ќе имаат ист интерес, тенденција за гламурозен живот, успех, богатство, уметничка амбиција…Постојат многу парови кои се сопружници и деловни партнери.
Повеќето луѓе, што го сакаат она што се нарекува „семеен живот“, го нашле својот партнер во средно училиште или на факултет. Ако не тогаш, тогаш веројатно на работа меѓу колегите.
Меѓутоа, доколку не се пронајде соодветен партнер, додека е човекот уште релативно млад, подготвен да сака, флексибилен и неоптеретен со лоши искуства, можностите за ова со годините стануваат помали.
Познато е дека со времето имаме поголеми барања, не ги признаваме нашите слабости и стануваме малку ограничени и невнимателни. Сè уште се сакаме себеси, па веруваме дека луѓето не можат да го перципираат нашето „совршенство“.
За оние кои не излегуваат често постои опција интернет. Многу луѓе ја бараат вистинската љубов преку специјализирани веб-страници, апликации или друштвени мрежи.
Овој вид на инстант љубов ја менува целосната перцепција на тоа што би требало да претставува љубов. Секако, генерализираме, бидејќи се работи за индивидуални убедувања, а и самата љубов е подложна на редефинирање, како и многу други работи во ерата на помодарството.
Ашера | Црнобело