Среќата (не) се крие во бракот: 7 добри причини да не се омажите

Доколку живеете на Балканот, навлезени сте во триесеттите години и сè уште не сте мажени, според околината вие мора да сте нетокму. Притисокот го чувствувате од своите родители, роднините, па дури и соседите кои не ви значат којзнае што во животот.

7-dobri-pricini-da-ne-se-omazite-01.jpg

Но, сите имаат одреден коментар зошто треба да се омажите што е можно поскоро. Ние, сепак, имаме 7 добри причини зошто не би морале да стапите во брак, бидејќи не секогаш среќата се крие во брачната заедница:

Сите што ги знаеш се веќе мажени – време ти е да се скрасиш

Од сите страни те прогонува прашањето: А ти, кога? Но, тоа не е доволно добра причина да го ставиш потписот во матично и да го дадеш доживотното ветување „и во добро и во зло“.

Како мали обични ни велеа: „Ако сите скокнат од мостот, и ти ќе скокнеш?“ Зошто тогаш и ти би морала да се омажиш по секоја цена, доколку сè уште не си го пронашла вистинскиот партнер?

Затоа што сте бремени

Бракот не гарантира среќа. Често пати се случува и мажите кои стапиле во брак да не се подготвени за бебе. Нивната прва мисла е дека се фатени во стапица. Затоа, немојте никогаш да стапувате во брак само затоа што ќе имате бебе.

Доволно е да имате маж кој ќе ви даде поддршка во животот и ќе му биде добар татко на бебето.

Затоа што имате добар секс

Не дозволувајте хормоните да ви го управуваат животот и да имаат влијание на одлуките што ги носите. Само затоа што партнерот е добар во кревет, не значи дека ќе биде и надвор од него.

Дури и да поминувате часови во креветот, тоа не значи дека во останатиот дел од денот ќе се согласувате одлично. За среќа е потребно многу повеќе отколку само добар секс.

Затоа што чувствувате притисок од страна на родителите

Не постои поголема агонија од желбата на родителите кои го притискаат детето „да заиграат на неговата свадба пред да умрат“. Понекогаш, заслепени од желбата да се „скрасите“, тие ќе направат буквално сè, наметнувајќи ви чувство на вина.

Не дозволувајте да ве манипулираат, бидејќи вие ќе завршите во брак кој не сте го сакале, а не вашите родители.

Се плашите од самотија

Ниската самодоверба може да направи хаос во вашиот живот. Доколку мислите дека венчалниот прстен магично ќе ви ги реши сите проблеми и нема никогаш повеќе да се чувствувате осамено, престанете да се лажете.

Понекогаш најосамените луѓе се токму оние во брачна заедница. Подобро поработете на сопствената самодоверба и решете го проблемот со осаменоста на друг начин.

Затоа што сте вљубени во идејата за свадба и невеста во бело

Прекрасен фустан, цвеќе, вие на главната маса како наздравувате. Речиси секоја девојка сонува за совршената свадба која најчесто ја планира од тинејџерството.

Вљубени сте во самата идеја за свадбата, а не во партнерот со кој би требало да ги поминете остатокот од животот. Немојте да мислите дека еден ден исполнет со среќа ќе надомести за остатокот од животот исполнет со мизерија.

Затоа што сакате да му се одмаздите на поранешното момче

Бракот поради одмазда никогаш не е добро решение. Кому ќе му предизвикате најголема штета со оваа бесмислена одлука? Секако, самите на себе. Најдобро е да побарате помош со цел полесно да го пребродите раскинувањето, отколку да избрзате со одлуката за брак, мислејќи дека на тој начин ќе ги залечите раните.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg