Најголемите љубовни предизвици на чувствителните луѓе

Прекумерно чувствителните луѓе постојано се соочуваат со еден предизвик - нивните чувства се секогаш „пуштени на најјако“ и се поинтензивни од оние на другите луѓе.

Najgolemite ljubovni predizvici na cuvstvitelnite lugje 01

Токму затоа, кога се во врска, односот со партнерот ги апсорбира и за многу кратко време се наоѓаат себеси во ситуација да се грижат повеќе за другата страна отколку за себе.

Се проценува дека една третина од светската популација спаѓа во оваа категорија, и постојат истражувања кои тврдат дека се работи за генетски наследна појава.

Ваквите луѓе во врска чувствуваат за двајца и најчесто се несвесни за динамиката, па затоа со тек на време нивните потреби, чувства, вистини, вредности и верувања избледуваат и се губат.

Доколку се пронаоѓате во описот погоре, веројатно и вие се соочувате со овие три предизвици:

Нездрави граници

Чувствителните луѓе ретко успеваат да постават разумни граници во односите со другите луѓе. Всушност, тие и реиси немаат граници бидејќи даваат се од себе и длабоко сочувствуваат. Ова најчесто доведува до губење на сликата за себеси во врската иако намерата е чиста и искрена.

Решението е да се создаде баланс уште на почетокот, односно да се запрашате дали може да бидете свои во таа врска, дали партнерот ќе ја почитува вашата потреба од време за себе и дали се чувствувате безбедни, сигурни, сакани и поддржани.

Родител наместо партнер

Дали се грижите за партнерот на начин на кој тоа го прави неговата мајка? Дали тој се потпира на вас за нешта кои би требало самиот да ги завршува? Во ред е да пружате поддршка, но запомнете дека не треба да го „одгледувате“ партнерот.

Тоа му пркоси на балансот во врската и создава нездрава динамика. Ќе трошите време и енергија и ќе направите партнерот да е зависен од вас.

Никогаш не заборавајте на своите чувства. И онака сте секогаш свесни за тоа што мислат и како се чувствуваат другите, така што треба да се посветите малку повеќе на својот свет. Запишувајте ги своите чувства секој ден, за да станете свесни за тоа што навистина ви треба за да бидете среќни.

Najgolemite ljubovni predizvici na cuvstvitelnite lugje 02

Придушена чувствителност

Чувствителните луѓе често се чувствуваат отфрлени и имаат потреба да припаѓаат некому и некаде. Сакаат да ги задоволат потребите и барањата на сите без да бараат ништо за возврат и се менуваат по потреба само за да не бидат одбиени.

Најлошото сценарио е ваквите личности да завршат во врска со нарцисоиден, манипулативен партнер или партнер кој ги злоупотребува.

Ваквите одлуки најчесто се носат од страв, па затоа најважно е да се дефинираат стравовите во врската. Кога е вистинското нешто во прашање, не треба да се грижите дали ќе бидете сакани, почитувани и разбрани.

Бидете 100% свои и времето, а не стравовите, ќе ја донесат вистинската личност во вашите прегратки.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg