Младите мажи имаат сè помалку секс поради зависноста од гејминг и интернет
Дали знаете некое младо момче што не се трга од пред компјутерот и 24/7 игра игра?
Едно ново истражување на Универзитетот во Чикаго покажа дека младите мажи немаат секс како порано. Причината?
Минување премногу време во играње видео игри, седење на социјални мрежи и други активности на интернет.
Податоци за истражувањето се земени уште од 1972 година. Се смета дека како расте комплексноста на општеството, така се намалува стапката на сексуална активност.
Резултатите покажаа дека 23% од возрасните луѓе, односно околу една четвртина, кажале дека немале секс во минатата година, а голем дел од испитаниците биле мажи во 20-тите години.
Бројот на луѓе кои кажале дека немале секс во минатата година бил за 2 пати поголем споредбено со оние кои пријавиле дека немале секс цела година пред 10 години.
Една од главните причини за ова се смета дека е развојот на технологијата и зависноста на младите мажи од гејминг и интернет.
С. С. | Црнобело