„Мислат дека им е дедо на нашите деца“ - Зошто жалам што се омажив со 22 години постар маж?
Емили и Алберт се запознале кога таа имала 22, а тој 44 години и неколку години подоцна стапиле во брак...
Дали годините се само бројка или не е баш така?
40-годишната Емили е во брак со 62-годишниот Алберт. Се запознале преку заеднички пријател кога таа имала 22, а тој 44 години и неколку години подоцна стапиле во брак.
Заедно се речиси 2 децении и имаат 2 деца. Емили својот брак го смета за успешен, но неретко посакува да се омажела за некој кој е поблиску до нејзината возраст.
Зошто погрешив што се омажив за драстично постар маж:
- Моите родители имаа огромен проблем со тоа. Тој е само една година помлад од мајка ми.
- Луѓето ме гледаат како жена која се омажила поради пари, постојат предрасуди во општеството околу разликата во години.
- Добив деца на помлада возраст од што сакав. Имав деца пред сите мои врсници, поради тоа што тој беше постар и сакаше да побрзаме.
- Луѓето често мислат дека тој им е дедо, а не татко на нашите деца и тоа е непријатна ситуација за моите деца.
- Јас сакам почесто да имам секс отколку тој. Тој веќе има еректилна дисфункција и работите во креветот не се сјајни.
- Кога се омажив бев многу помалку емоционално зрела од што мислев тогаш и кога ќе се сетам сфаќам дека сум се однесувала многу детинесто.
- Никогаш не чувствував дека имаме однос на двајца еднакви луѓе, тој има старовремски сфаќања каде мажот е главата во куќата и доминира.
- Голем дел од мојот живот како стара личност ќе го минам сама.
С. С. | Црнобело