Нов тренд кој паровите го прифаќаат: Соло меден месец после свадба

Според истражување на „Њујорк Тајмс“, сè повеќе парови во светот одлучуваат медениот месец да го поминат разделени и овој тренд е растечки.

nov-trend-koj-parovite-go-prifakjaat-solo-meden-mesec-posle-svadba-01.jpg 

Како најчести причини за ваквата одлука се напорниот период пред венчавката и времето поминато во заеднички активности дотогаш. Тоа би било нешто како заедничка одлука за поминување време на дестинација која му одговара на секој од партнерите, без некој да биде принуден да прави компромиси.

Ваквиот тренд, според истата студија, доаѓа и поради сосема различниот начин на функционирање на паровите пред бракот. Иако во минатото тоа било поразлично, денеска пред да стапат во брак, многу парови одат на заеднички одмори, живеат заедно со години и имаат секс далеку пред судбоносното „да“.

Идејата не е со разделениот меден месец да се „бојкотира“ бракот, туку напротив, партнерите да си дадат доволно време да одморат од стресот кој го имале во текот на планирањето на венчавката.

se-povekje-parovi-odat-na-solo-meden-mesec-01.jpg

Мислењата околу овој тренд се поделени. Според оние со традиционални верувања и ставови, се работи за голема глупост која може да го загрози новиот брак. Но, интересно е што е голема и бројката на оние кои со задоволство ја прифаќаат идејата, па дури и ја применуваат на дело.

https://twitter.com/jm_mcgrath/status/1106220306383978503?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106220306383978503&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.thesun.co.uk%2Ftravel%2F8660341%2Fsolomoon-trend-newlywed-couples-honeymoon%2F

Секако, ова не ги прави старомодни оние кои сепак се за заеднички меден месец. Напротив, остава доволно простор самиот пар да донесе одлука околу тоа како ќе го започне бракот, без да го заснова на суеверија или вредности кои мора да ги почитува поради оние од околината.

se-povekje-parovi-odat-na-solo-meden-mesec-002.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg