Зошто многу често ја преценуваме интелигенцијата на партнерот?
Кога сме во врска со нова личност, многу често се случува тие за нас да се најпаметните, најубавите, најшармантните, најинтелигентните... Особено интелигентни.
Колку пати ви се случило да дадете поголема вредност на мислењето на партнерот само поради тоа што сте заедно? Или пак, некој од вашите пријатели да ве изнервира поради придавањето значење на она што нивниот партнер го кажал, иако сте свесни дека тоа нема ама баш никаква врска.
Грешки во рефлексијата
Заљубеноста и фасцинацијата од новата врска, особено кај хетеросексуалните парови, резултира со преценување на интелигенцијата и тоа за 36-38 поени според стандардниот тест на Менса, што воопшто не е малку.
Случаите во кои ја потценуваме интелигенцијата на сопствениот партнер се многу многу ретки.
На некој начин, овој пристап ги прави паровите среќни и ја интензивира нивната врска и љубов. Слично на ова е и рефлектирањето на интересите - кога одеднаш почнувате да сакате кари-сос со пилешкото или ви се допаѓа рап-музиката, иако претходно не сте ја поднесувале.
Овој процес е многу повеќе од биологија, хемија и физика. Дури и науката има проблеми да го објасни и го третира како феномен.
Кога наоѓаме личност која во многу аспекти нè дополнува и исполнува, нашата природна тенденција е да ги преувеличуваме нејзините карактерни особини и неосновано да им се воодушевуваме.
Вистина е, интелигенцијата е една толку харизматична вредност, на која лесно паѓаме, па затоа и тежнееме кон тоа да ја пренагласуваме, особено кога е во прашање личност која ја сакаме.
Е. Д. | Црнобело