Зошто мажите брзо го губат интересот за вас?
Некогаш се случува кога некој не ви се допаѓа, едноставно да исчезнете, но не ви е сеедно ако некој ви исчезне вас. Зошто тоа се случува?
Имало ситуации во кои ви се чини дека сè оди како што треба, но по кратко време личноста за која сте заинтересирани едноставно, да ја снема. Често, не добивате ниту објаснување, па сето тоа останува мистерија за вас.
Зошто може да се случи мажот со кој неколкупати излеговте наеднаш да изгуби интерес?
Пребрзо имавте секс
Сексот за една ноќ е едно, но ако со некој сакате да воспоставите подлабок однос, прескокнете ја ваквата практика. Со самото тоа што имате секс, сте го прескокнале делот каде се запознавате какви луѓе сте, па еден на друг гледате како на објекти, а не како личности.
Ако сакате да го избегнете ова, објаснете дека ве привлекува, но дека не ви е удобно веднаш да имате секс. Со ова ќе ги намалите шансите за „мување“, па може и дури да се повлече, но барем нема да имате секс по кој ќе избега. На овој начин ќе можете да препознаете и кој е зрел маж, а кој е само момче што сака да има секс.
Наеднаш посакавте врска
Ако се случи да имате секс и да продолжите да се гледате, една од најчестите грешки е очекувањето за „врзување“. Тоа може да биде една од причините зошто губи интерес, особено доколку е уверен дека сте во ред со опцијата необврзно гледање.
Ако го поставите прашањето за врска или за неговите чувства кон вас, можно е да добиете неодредени одговори и полека да почне да го снемува.
Не сте компатибилни
Иако најчесто ова го сфаќате уште на првото гледање, некогаш сепак треба да помине малку време, за да се смири почетната еуфорија. По кратко ќе успеете да видите дали вашите и неговите амбиции се складни и дали воопшто си одговарате како карактери.
Но, може и да се случи да не му дозволите да ве запознае убаво, или пак тој да не посвети доволно време во запознавањето.
Е. Д. | Црнобело