7-те најголеми митови за Г-точката кај жените
Мит 7: Пенетративниот секс напред-назад е најдобар начин за постигнување на оргазам со Г-точката.
Кога се говори за женскиот оргазам има многу различни идеи и митови за него.
И не е тајна дека има различни начини за пристигнување до крајната цел на сексот, но сепак постојат мистерии околу фамозната Г-точка.
Постојано слушаме како оргазмите кои ги носи таа се неверојатни, но што знаеме за неа?
Митови за Г-точката:
Мит 1: Г-точката не постои.
Научно е докажано дека постои и на жените им носи oгромно задоволство.
Мит 2: Оргазмите од Г-точката се исти како сите други оргазми.
Г-точката е опкружена со неверојатен број нерви и затоа е место кое треба да се истражува. Може да доживеете дури и комбинација од два типа оргазми симултано и е уникатно искуство.
Мит 3: Не постои начин да се пронајде Г-точката.
Понекогаш нејзиното пронаоѓање е навистина мистерија. Најдобро се лоцира кога сте возбудени и може да се наоѓа на ѕидот од вагината на различни локации, кај некои е веднаш на влезот на вагината, кај други подлабоко.
Со нежна стимулација и движења доаѓа до отекување и точно лоцирање на Г-точката.
Мит 4: Г-точката е орган.
Г-точката не е орган, таа е спој од серија нервни завршетоци и ткиво и е поврзана со останатиот дел од половиот орган на жената.