Зошто е важна предиграта?
Предиграта е најважен дел од сексот. Велат дека без добра предигра нема ни добар секс. А, бидејќи навистина е така важно е да имате неколку работи на ум.
1. Предиграта е како готвење. Најпознатиот сексуален прирачник има поднаслов „Водич за гурманите низ сексуалноста“. И готвењето и сексот бараат посветеност, иновативност, грижа и љубов.
Токму затоа и не е чудно зошто храната толку добро може да се комбинира со сексот. Разновидна храна бара и разновиден секс.
Испробување на нови техники кои ќе воведат разноликост на нашиот сексуален живот. Јасно е дека и во храната и во сексот треба да се внимава вкусот да не исчезне пребрзо.
2. Различен начин на „сакање“. Кама Сутра има стотици методи. Повеќето од нив се разликуваат само по различна положба на рацете или нозете.
Се смета дека има 3.780 пози кои може да ги испробате во сексот. Ниту една книга ниту едно секси помагало не можат да ве научат на љубов и страст.
Осудени сте сами на себе и вежбање со вистинскиот партнер. Книгите може технички да не надоградат со знаење, но не и да ја добијат нашата улога.
Важен е односот меѓу партнерите, колку сте подготвени да се предадете еден на друг, да се опуштите и да имате меѓусебна доверба.
3. Дали љубовта е предуслов за добар секс? Познатиот љубовник Казанова секогаш раскажувал дека искрено ги сака сите жени со кои води љубов.
Тоа без сомневање е важен фактор затоа што многу луѓе ја користат љубовта како оружје против спротивниот пол. Во љубовта нема простор за егоизам, што значи дека за двете страни да бидат задоволени, понекогаш ќе треба да си скратите од сопственото задоволство – како во љубовта, така и во сексот.
Предиграта воведува иновации, поттикнува разговор меѓу партнерите и откривање на сите потајни желби и потреби.