7-те најголеми мудрости што ќе ви ја спасат врската, ако ги сфатите навреме
69% од вашите проблеми нема да бидат решени. Може само да се справите со нив (за жал).
Кога луѓето сакаат да ја спасат врската бараат мудри зборови од некој експерт.
Психолозите ќе ви кажат дека ако сфатите некои работи навреме ќе си ја спасите врската.
7 мудрости кои мора да ги запомните:
- Врските се тешка работа и точка. На моменти претешки. Две личности треба да ги спојат своите карактери, рани, болести, желби, амбиции, либидо, тела што се менуваат, дом, деца...
- Не постои нешто како совршен партнер и никогаш нема да ви биде задоволена листата со критериуми кои мора да ги исполнува. Не е реално. Не постои само еден совршен за нас.
- Врските се таму каде што личниот раст ќе се сретне на половина пат. Читајте книги, гледајте филмови за саморазвој и потоа тестирајте го тоа во хаотичниот реален живот. Проценете дали растете во врската.
- Посветеноста на врската мора да ви биде приоритет. На крајот од денот прашајте се дали правите доволно за партнерот.
- 69% од вашите проблеми нема да бидат решени. Може само да се справите со нив (за жал). Различни темпераменти, различни желби.
- Може да имате многу различни врски со иста личност. Динамиката на врската ќе биде различна во различни периоди од животот. Ние се менуваме и врската ќе се трансформира.
- Вашата врска е универзум сам за себе. Уникатна е и не личи на ниту една друга врска на луѓето околу вас. Така, никој друг не може да биде експерт и да ви каже како врската треба да ви изгледа и што треба да правите.
С. С. | Црнобело