10 знаци за вистинска љубов
Некои ја бараат цел живот, а некои веќе сфатија дека ја пронашле вистинската љубов. Како да ја препознаете? Како да бидете сигурни дека личноста...
...покрај вас е вашиот идеален животен партнер?
Психолозите, после 3 години работа со среќни и несреќни парови востановиле дека постојат неколку знаци кои укажуваат на вистинска љубов:
1. Сништа. Понекогаш сме во врска, но не си ја замислуваме иднината со тој партнер. Вљубеност постои, но помислата на заедничка иднина предизвикува страв и непријатно чувство, а не среќа. Таквото чувство покажува дека се уште сте во потрага по вистинскиот партнер на кој би можеле да се потпрете во животот.
2. Планови. Ковањето заеднички планови кои стигнуваат подалеку од следниот викенд или годишен одмор, се добар знак за љубов. Колку поголеми и подалечни ви се заедничките планови и толку е постабилна врската и поперспективна.
3. Заеднички пријатели. Неколку заеднички пријатели за зацврснуваат врската и упатуваат на меѓусебни сличности
4. Убави гестови. Вистинската љубов не се состои во убави и скапи подароци за роденден. Напротив малите секојдневни гестови значат многу повеќе.
5. Позитивен биланс. Во економскиот речник ова би значело на крајот од неделата, месецот, годината, партнерството би требало да е во плус. Убавите денови да ги има повеќе отколку мачните, т.е. заедничката среќа да ја има повеќе отколку заедничките караници.
6. Слобода. Не е пожелно да правите се заедно. Оставањето простор еден на друг е добар знак за доверба и време во кое партнерот може да ги исполни своите желби и потреби.
7. Сличности. Најсреќни се оние парови кои имаат заеднички цели и делат слични вредности. Без оглед дали станува збор за деца, живеалиште, патувања или заедничко попладне.
8. Секс. Почетната страст не трае вечно. Клучот е во квалитетот. Нежностите и телесната блискост се неопходни фактори за долгорочно сексуално задоволство.
9. Доверба. За најдлабоките проблеми партнерите мораат да разговараат искрено и отворено, да ги признаат грешките и да го одложат просторот за сомнеж.
10. Расправии. Конфликтите треба да ги решавате консткруктивно, а токму тоа е знак за вистинска љубов. Расправиите се случуваат во секоја врска, но, се претвораат во одговор за заедничка среќа.