6 јасни знаци дека на партнерот му е досадно во врската

Кога љубовта е на самиот почеток, сѐ делува идилично. Чувствувате пеперутки во стомакот и со нетрпение го очекувате секој ваш заеднички миг. Меѓутоа, како што времето одминува, така односот меѓу двојката може да тргне во погрешен правец.

6-jasni-znaci-deka-na-partnerot-mu-e-dosadno-vo-vrskata-1.jpg

Долгогодишните врски имаат мноштво предности. Ја запознавате саканата личност во целост и научени сте како да функционирате со сите нејзини добри и лоши страни.

Истовремено, во една иста личност имате и партнер и најдобар пријател. Но, она до што за жал честопати доаѓа е заситеност и монотоност во односот.

6-jasni-znaci-deka-na-partnerot-mu-e-dosadno-vo-vrskata-2.jpg

Во најстрашниот случај, ќе се презасити само едната страна, поради што другата половина неретко останува повредена. Како да ги препознаете сигналите во вакво сценарио?

Ова се шесте јасни знаци дека на партнерот му е досадно во врската:

1. Не покажува радост и возбуда на добрите вести кои втората половина ја прават среќна.

Некогаш во слични ситуации би се веселел заедно со вас, но сега тоа едноставно не е веќе така.

6-jasni-znaci-deka-na-partnerot-mu-e-dosadno-vo-vrskata-3.jpg

2. Го има изгубено интересот за заедничко испробување на нови нешта.

Во минатото со задоволство би погледнал нов филм, или, пак, пошол на нова локација со вас, а сега одбива било каква слична активност во двојка.

6-jasni-znaci-deka-na-partnerot-mu-e-dosadno-vo-vrskata-4.jpg

3. Сѐ помалку време поминува со партнерката.

Што и да му предложите за заеднички да го поминете времето, тој пронаоѓа изговори, како би се одложило вашето дружење за некој следен пат.

6-jasni-znaci-deka-na-partnerot-mu-e-dosadno-vo-vrskata-5.jpg

4. Не ги поставува ни секојдневните прашања.

Разговорите ви стануваат преполни со непријатен молк и тишина, затоа што повеќе не ве прашува ниту „Како си?“ или „Како ти помина денот?“.

6-jasni-znaci-deka-na-partnerot-mu-e-dosadno-vo-vrskata-6.jpg

5. Не може да се одвои од телефонот.

Сеедно дали им одговара на луѓето на пораки, или, пак, игра некаква игрица на мобилниот. Партнерот го избегнува разговорот со вас и ве игнорира, дури и тогаш кога сте заедно.

6-jasni-znaci-deka-na-partnerot-mu-e-dosadno-vo-vrskata-7.jpg

6. Вината за незаинтересираноста ја префрла на другата страна.

Ако се обидете сериозно да поразговарате на оваа тема, ќе ви плесне во лице дека сте напорни и драматизирате без причина. А, можеби и конечно ќе изусти дека му досадно во врската со вас. Доколку е така – не сомневајте се во неговите зборови.

6-jasni-znaci-deka-na-partnerot-mu-e-dosadno-vo-vrskata-8.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg