5 разочарувачки реалности на модерното состанување
Во ова модерно време, социјалните мрежи земаат преголема контрола врз состаноците и љубовниот живот општо.
Што се случи со стариот и добар начин на јавување и закажување состанок? Секако, сега е полесно да се стигне до личноста со помош на социјалните апликации и се чини дека тој тренд ќе продолжи и понатаму.
Кога телефонскиот разговор се претвори во нешто страшно, како што е прераното искажување љубов?
Без разлика дали сте се запознале прво во живо или онлајн, многу е веројатно дека комуникацијата преку социјални мрежи зазема важен дел од односот.
Но, дали сте храбри да ѝ се јавите на личноста со која со часови си пишувате на „месинџер“?
Телефонски разговори
Благодарение на сите тие апликации за пишана комуникација, ретко кој решил да сврти број и да ја почувствува хемијата на слушањето на нечиј глас. Пораките се мрзеливи, но и многу полесни, бидејќи можете да ги „свртите“ нештата доколку во даден момент нешто не ви се допаѓа.
Пораките се користат како игра
Добро смислена порака може да го донесе саканиот „фидбек“ или пак, да даде јасна слика како стои ситуацијата. Но, исто така, на порака може да не се одговори и со денови, за да се тестира трпението на другиот или да се создаде илузија дека не ви е толку важен одговорот. По некое време станува малку напорно и анксиозно, нели?
Претерана анализа на напишаното
Кога постои физички доказ за разговорот, како и акција во форма на лајкови и коментари, се создава цело поле за претерување со размислување и анализа, читање меѓу редови и барање скриени значења во напишаното. И ова по некое време станува заморно.
Секогаш барате нешто подобро
Дури и кога состаноците се реални, ако се базирани на онлајн комуникација, добивате илузија дека можете слободно да комуницирате и со други луѓе и да закажувате состаноци и со нив. Кога е вистинско време да престанете? Одговорот е дека во истиот момент кога нешто станува реално, треба да се обидете да престанете со четување со други лица.
Создавате лажна реалност
На вашите социјални профили фотографиите се внимателно избрани, споделувате содржини кои освен што ви се допаѓаат вас, ѝ се допаѓаат и на вашата публика и сето тоа може да создаде слика за вас која е различна од реалната. Истото можете да го доживеете и вие, за личноста која ви се допаѓа на Фејсбук, но реално не е она што сте го очекувале.
Е. Д. | Црнобело