Ако нема искри на првиот состанок, не грижете се, уште ништо не е конечно
Запознавање со некого и флерт звучи возбудливо, сè до првиот официјален состанок кога трчате кон договореното место со пеперутки во стомакот, но пристигнувате и...
Да биде јасно, никој не очекува дека ќе се случи љубов на прв поглед, но кога недостига и онаа мала искра на возбуда, почнувате да се прашувате дали можеби сте имале погрешна идеализација за личноста со која излеговте. Дали тоа значи дека нема ништо да се случи понатаму?
Потсетете се на некое од своите претходни искуства и сигурно ќе ви текне дека некогаш имало искри уште на прв поглед, а потоа сè било ужасно и катастрофално. Првичната хемија не значи дека таа личност ви е компатибилна како партнер, исто како што не смеете да заклучите дека ако немало хемија од прва, нема да се создаде во иднина.
На крај, тоа е само прв состанок и е сосема нормално и двајцата да се збунети и да немаат време да ги „пуштат“ искрите. Никогаш не знаете што ќе донесе вториот состанок.
Сепак, на првиот состанок и понатаму му се придава поголемо значење. Привлечноста е важна, но постојат и многу други фактори кои влијаат врз тоа како ќе се одвива ситуацијата понатаму.
Ако сте од оние кои уште по првиот состанок се откажуваат, можеби е време да се промените. Дадете ја втората шанса за да бидете сигурни дека не правите грешка и дека навистина таа личност не ви се допаѓа.
Е. Д. | Црнобело