5 знаци дека е насилен
Денес голем број жени се жртви на насилството. Насилен маж е лесно да се препознае. Постојат некои знаци кои можете да ги препознаете кај насилникот.
Најчести се:
1. Манипулира. Жените кои се изложени на насилство во врската ретко успеваат да го напуштат својот насилен партнер и многу тешко се одлучуваат на овој чекор.
Кога доаѓа до криза во врската тој ќе направи се за да и покаже дека му е потребна, дека не може без неа да живее и дека ќе направи се за да се смени.
Како што продолжува врската, нормално дека работите остануваат исти и на крај вие сте виновни.
2. Надзор и претерана љубомора. Претерана љубомора е еден од знаците кои предупредуваа на облик на насилно однесување. Кога сте сами уживате во интимите моменти, но кога ќе се појави трета личност, потенцијално насилниот партнер станува болно љубоморен.
Таквиот партнер ќе се обиде да ја одвои девојката од сите пријатели и роднини, и постојано ќе ја обвинува за неверство.
3. Казнува. Насилните мажи сакаат да имаат надзор и моќ, затоа често ги казнуваат партнерките и им кратат од сексуалните односи па потоа ги критикуваат.
4. Не ги почитува жените. Добро е да внимавате како се однесува мажот со други жени (пример мајка му и сестра му). Тоа може да биде знак како ќе се однесува кон вас.
5. Насилство во минатото. Ако знаете дека вашиот партнер во минатото имал проблеми со насилство, голема е веројатноста дека ова ќе се повтори.