Според Буда, ова се четирите елементи коишто ја сочинуваат вистинската љубов
Чувството на вистинска љубов е само почетокот од потрагата да го задржите истото во текот на целиот живот. Има неколку фактори коишто ја сочинуваат вистинската љубов, покрај основниот, а тоа е самите да ја признаете.
Буда тврдел дека има четири елементи коишто се битни за градење на силна, трајна и доживотна љубов:
Upeksha
Упекша се преведува во слобода. Дури и врските во коишто партнерите се многу приврзани, двајцата мораат да се чувствуваат слободни да го живеат животот како што сакаат. Партнерот не може да контролира премногу аспекти од вашиот живот и обратно.
Буда советува да се прифаќаме онакви какви што сме, за да можеме да доживееме вистинска доживотна љубов.
Mudita
Мудита значи среќа. Љубовта кон вашиот партнер мора да доаѓа од среќата. Доколку вашата љубов не ве прави најсреќни што може да бидете, значи дека најверојатно не е вистинска. Среќата го исполнува срцето и го прави животот една целина, а љубовта треба да биде изворот на таа среќа.
Karuna
Каруна буквално значи сочувство. Тоа значи да го разбирате вашиот партнер и болката низ којашто тој поминал. Само со разбирање ќе можете да се поврзете со партнерот и ќе можете да му помогнете да ги преброди болките во животот.
Комуникацијата и овозможувањето на партнерот да му бидете безбеден сопатник, значи дека сте постигнале Каруна. Поделбата на болката значи дека партнерот нема да се чувствува ранливо додека е со вас.
Maitri
Маитри се преведува во добрина. Ова значи дека само познавањето на љубовта не е доволно, туку исто така мора да се знае и како да се љуби. Вашите намери можеби се чисти, но тоа не значи дека го сакате вашиот партнер на вистинскиот начин.
Разбирањето како вашиот партнер треба да биде сакан е нешто што бара многу внимание и грижа. Разбирањето на чувствата, желбите и потребите на вашиот партнер се дел од почетоците на разбирањето на неговата душа. Слушајте ги и забележувајте сè во врска со нив и вашата љубов ќе процвета.
(О)Милена | Црнобело