4 промени што може да се случат кај вас кога се гледате со некого
Новата врска може да има поголемо или помало влијание врз навиките на партнерите и факт е дека може да го промени животниот стил и на двајцата.
Што точно значи промена на животниот стил? Тоа се навиките за јадење, за физичка активност, за дружење... Некои можат да се вклопат, некои ќе можете и заеднички да ги практикувате, но некои ќе сакате да ги задржите само за себе.
Она што е сигурно е дека оваа нова врска сигурно ќе направи некакви промени кај вас:
Навиките за спиење може да се променат
Ако често преспивате еден кај друг, тогаш колку и да ви се различни навиките, ќе најдете начин да ги вкомпонирате една со друга. Тоа значи дека и едниот и другиот ќе претрпат некаква промена, со цел да можат да спијат заедно, да се будат во приближно исто време и да создадат заедничка навика.
Промена на исхраната
Ако вие сакате да јадете здрава храна, а партнерот сака брза храна, тогаш често ќе се случува и вие да се придружите кога ќе нарача пица или пак, тој да проба од вашиот домашен оброк. Во секој случај, тоа ќе влијае врз досегашниот начин на исхрана, особено ако поминувате многу време заедно.
Промена во физичкиот изглед
Иако ова е навистина необично, по извесно време партнерите не само што ќе адаптираат слични навики, туку и физички ќе почнат да наликуваат еден на друг, поради сличниот животен стил. Секоја од споделените активности, всушност ги прави и двајцата многу слични еден на друг.
Социјалните навики може да се променат
Ако до пред еден месец сакавте за викенд да излезете во некоја дискотека или во коктел-бар, сега можеби веќе имате прескокнато две саботи предвидени за вакви активности. Ова е последица на заеднички воспоставениот животен стил, кој може да вклучува и викенд само за двајцата партнери.
Е. Д. | Црнобело