6 лаги за врските во кои обожаваме да веруваме
Што е вистинската љубов? Дали таа може да исчезне? Дали е доволно силна за да премине преку сè?
За жал, иако луѓето многу би сакале да е така, точна дефиниција за вистинска љубов нема, бидејќи сето тоа е индивидуално и се случува на психолошко и емоционално ниво.
Затоа и многу пати се случува „лекциите“ кои ги слушаме од другите да ги сфаќаме премногу буквално и да мислиме дека сето тоа ни следува, наместо да се трудиме да ја сочуваме љубовта и да ја развиваме понатаму во нешто подобро.
Ова се шесте најчести лаги и клишеа за врските во кои сите сакаме да веруваме, но често се покажува дека не важат за сите:
Вистинската љубов не избледува
Ова е иронична идеја дека една иста емоција може да трае доживотно и не постои ниту еден физички доказ дека тоа е така... Освен во романтичните филмови, секако.
Во реалноста, врските се соочуваат со многу предизвици, подеднакво пријатни и непријатни. Одржувањето на љубовта е работа само на желбата на партнерите да ја спасат врската и за тоа се вложува многу време, труд и емоции.
Ако не се прави тоа, пламенот нема самиот да се одржува.
Сродната душа секогаш ќе има разбирање за нас
Идејата дека некаде во светот постои личност која ќе биде отворена за нас и за нашиот емоционален багаж е крајно нереална и таквите очекувања се егоистични.
Вистина е, оној кој ве сака ќе има поголеми граници на толеранција, но тоа не значи дека треба да го тестирате нивното трпение.
Верувате во концептот „лонче и капаче“
На љубовта треба да се вложи многу работа и трпение. Дури и вие како „лонче“ да го најдете своето „капаче“, треба да се погрижите тоа да остане на место.
Спротивно на романтичните легенди, не постои личност со која 100% ќе се вклопите. Уметноста е во тоа да знаете да направите компромис таму каде не сте компатибилни.
Сродната душа ќе нè комплетира
Љубовта и луѓето не се сложувалка од парчиња кои се надополнуваат едни со други. Колку и да е сурово, во вас секогаш ќе постои празнина оставена од претходните врски, изгубените пријателства и оние кои сте ги сакале, а не се веќе меѓу нас. Ваквото верување дури може да биде и опасно за врската.
Да очекувате од партнерот да ве „надополнува“ значи дека и двајцата ја губите сопствената индивидуалност. Запомнете, не е ваша работа да „поправате“ други, ниту пак некој треба да ве „поправа“ вас.
Вистинската љубов е вечна
Процентот на разводи на бракови е преголем за да може да се верува во ова. Постојат многу фактори кои може да ја уништат љубовта меѓу двајца партнери и тие да се разделат, иако уште имаат емоции еден кон друг.
Вашата вистинска љубов ќе ве сака и покрај сè
Само затоа што некој навистина ве сака, не значи дека е должен да ги трпи сите ваши нереални хирови. Секој има специфичен карактер, свои лудила и темни страни и сосема е нормално партнерот да ви приговара за нешто што не му се допаѓа кај вас.
А кога ќе размислите подобро, вие го правите истото тоа. Постои можност или да имате нереални очекувања или еден на друг да си бидете „едукативни“ во однос на учењето и прифаќањето.
Е. Д. | Црнобело