Најпроѕирните изговори со кои жените одбиваат секс

Еден од класичните начини за избегнување на секс е глумењето дека спијат, но кои се другите?

najprodzirnite-izgovori-so-koi-zhenite-odbivaat-seks-01.jpg

Секој што е во брак или во долга врска знае дека по толку години заедно е тешко да се одржи страста во спалната соба.

И додека некои жени на партнерот едноставно му велат „не сум расположена“ кога немаат желба за секс, други користат разни изговори.

najprodzirnite-izgovori-so-koi-zhenite-odbivaat-seks-04.jpg

Според едно истражување 1 од 7 жени понекогаш се преправа дека ѝ е „тој период од месецот“ за да избегне секс.

Според Reddit исповедите некои пак користат изговори од типот дека јаделе нешто лошо и ги боли стомак, па одат и седат во тоалетот и по 20 минути глумејќи дека имаат стомачни проблеми.

Други не сакаат да го прават тоа пред кучето/мачката, имаат мигрени или немаат енергија затоа што мислат на натрупаниот куп облека за перење, нечисти подови и тон садови.

najprodzirnite-izgovori-so-koi-zhenite-odbivaat-seks-03.jpg

Некои жени глумат дека сакаат да догледаат некој филм и чекаат партнерот да заспие, додека други се жалат на болки во мускулите од напорното вежбање во теретаната.

Потоа измислуваат закажани термини кај гинекологот и велат дека е подобро да се направи пауза или пак посочуваат на стресот дека во секој миг би можел да дојде некој од нивните родители. Уште еден класик кој е омилен на голем дел од жените е преправањето дека спијат.  

najprodzirnite-izgovori-so-koi-zhenite-odbivaat-seks-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg