Идеи за прослава на годишнината кои не се клише

Ако славите годишнини со партнерот, на денот кога започнала вашата врска, тоа треба да го правите на начин што ќе биде посебен и незаборавен.

idei-za-proslava-na-godishninata-koi-ne-se-klishe-01.jpg

Ако досега сте ги поминале сите стандардни начини, од романтични вечери, до обични прошетки низ парк и подароци, време е да размислите за нешто што ќе ви го направи денот и посебен и романтичен.

Ова се неколку предлози за прослава на годишнината за кои вреди да размислите:

Излезете на местото на првиот состанок

Одете на местото каде се запознавте, облечете го она што тогаш го носевте, јадете го или пијте го она што го имаше тогаш. Направете колку што можете веродостојна реприза. Ако нешто заборавите, сигурно ќе се сетите во текот на вечерта.

Ако сте венчани, вратете се на местото каде се свршивте

Секој венчан пар има две специјални точки на планетата: едната е каде се запознале, а другата е каде се свршиле. Заминете на едно од тие места, а потоа ноќта сама ќе тече во најдобар можен ред.

idei-za-proslava-na-godishninata-koi-ne-se-klishe-02.jpg

Дозволете си заеднички спа третман

Во време кога сте пребукирани со обврски, одвојте неколку посебни часови и закажете заеднички спа третман. Наместо тоа да го правите со пријатели или сами, овојпат одете со партнерот. Ќе ви годи и на двајцата.

Испланирајте викенд-патување

Изненадете го саканиот партнер со резервација за викенд. Но, прво мора да се осигурате дека тој викенд и на двајцата ви се чисти распоредите, особено оние професионалните.

idei-za-proslava-na-godishninata-koi-ne-se-klishe-03.jpg

Одете на концерт каде ќе се свири „вашата“ песна

Ако имате посебна песна и ако дознаете дека омилениот изведувач има концерт во близина на датумот, тогаш проблемот е решен - одете на тој концерт.

Оставете партнерот да организира

Оставете да бидете вие личноста која ќе биде изненадена од организацијата на прославата. Ќе сфатите колку и на вашиот партнер му значи да си поминувате убаво.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg