Застрашувачки нешта што треба да ги направите за да најдете вистинска љубов

Наоѓањето на вистинската љубов не е нешто што може да се научи од книга, туку е низа на лекции кои доаѓаат најмногу од личното, а потоа и од туѓите искуства.

zastrashuvachki-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-za-da-najdete-vistinska-ljubov-01.jpg

Често, луѓето се под притисок (од семејството и општеството) да бараат љубов, па се случува да влегуваат од врска во врска. Сепак, и од ова може да се научат важни лекции.

Кога сме во потрага по соодветна личност за себе, се случува да заборавиме дека и ние и другите сме само луѓе кои имаат свои несовршености. Уметноста на успешната љубов е тие несовршености да бидат согласни, за врската да може да се гради врз нив.

Но, ништо не доаѓа само од себе, па така ни љубовта. Поради тоа, мора да направите неколку исклучоци, кои на прв поглед ви се чинат застрашувачки, со цел да ѝ дозволите на љубовта да дојде кај вас.

1. Игнорирајте ги „црвените знаменца“

Најчесто тие потекнуваат од личности кои предвреме судат и кои не знаат да ја ценат уникатноста на карактерот. А и мора малку да бидете „слепи“ за да не се фаќате за ситници.

zastrashuvachki-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-za-da-najdete-vistinska-ljubov-02.jpg

2. Не се плашете да бидете повредени

Што е најлошо што може да се случи? Да ви биде скршено срцето? Да бидете тажни? Па и самите знаете дека тие тага и болка се само привремени.

3. Верувајте му на срцето

Подобро да му верувате на своето срце, наместо да завршите во просечна врска следејќи го умот. Размислете, сакате нешто просечно или нешто прекрасно?

zastrashuvachki-neshta-shto-treba-da-gi-napravite-za-da-najdete-vistinska-ljubov-03.jpg

4. Спуштете ги ѕидовите

Не ги бркајте луѓето кои сакаат да ве запознаат. Дури и ако некој не ви се допаѓа на прв поглед, може да се случи токму тој да е оној кој го чекате. Иако ова звучи страшно, треба да знаете дека среќата е секогаш на спротивната страна од стравот.

5. Не ги кријте вистинските чувства

Можеби поради минатото одлучивте да не покажувате чувства веќе никогаш, но знајте дека на тој начин е многу лесно да бидете погрешно разбрани. Животот е прекраток за да бидете пасивни.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg