Историја: Еротска долна облека

koj-ja-razotkril-erotskata-dolna-obleka-povekjeЕротската долна облека има моќ во која светот се уверил уште во далечната 1893 година. Таа година во Париз, центарот на сите интелектуалци и уметници...

 

...одржана е Moulin Rouge – навистина посебна претстава.

koj-ja-razotkril-erotskata-dolna-obleka

Како што атмосферата се вжештувала, танчерката Monique ја отстранила облеката од своето тело. На неа останало само блескава еротска долна облека која повеќе откривала отколку што покривала. Поимот еротско се проширил и на дотогаш обичната долна облека.

Мажите не можеле да го сокријат воодушевувањето додека жените со поцрвени образи негодувале. Без оглед на завидливите женски погледи, на припадниците на двата пола им станало јасно каква моќ крие дотогаш запоставената долна облека. Секако ако и се додаде еротска нота.

Танцовата точка на Monique ги налутила и задолжените за ред и мир кои ја замотале во чаршаф и ја одвеле на суд.

Судијата заклучил дека нејзината точка е премногу дрска и одредил казна од 100 франци и притвор. На тој начин страшно ги налутил нејзините бројни и угледни обожаватели кои се заложиле за нејзино ослободување.

Сето ова прераснало во голем неред. Заради тоа Monique била пуштена од затворот по 2 дена. Од тогаш властите не негодувале заради еротската долна облека и соблекувањето на сцена.

Еротската долна облека веќе наредната година превземала главна улога на сите театарски сцени во француската престолнина. Сцените со соблекување станувале се подолги, додека должината на еротската долна облека се пократка.

Долгите и високи гаќи се замениле со тесни кои се повеќе ги нагласувале задниците, чорапите добиле подвезици, а белата боја се заменила со пожешки бои како црвената.

Monique го открила стриптизот на светот, уметноста на соблекувањето и заведувањето кои денес ја окупираат машката фантазија.

Би можело да ве интересира:

Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg