Изненадувачки нешта за сексот кои ќе ги дознавате како што поминуваат годините

Постојат многу нешта кои не ги знаете за сексот, без разлика колку време сте активни досега. Како минат годините, тие нешта самите ќе се откриваат пред вас.

iznenaduvachki-neshta-za-seksot-koi-kje-gi-doznavate-kako-shto-pominuvaat-godinite-01.jpg

Вашиот став кон интимните односи се менува во текот на животот, во зависност од тоа во која животна фаза сте.

Вистина е дека повозрасните личности повеќе уживаат во сексот, бидејќи веќе се ослободени од сите стереотипи и несигурности.

Исто така, тие не се срамат да го побараат она што го сакаат, ниту пак ја губат сексуалната желба во текот на годините.

Сексуалната желба може да се менува во периодот кога жените влегуваат во менопауза, поради беснеењето на хормоните, но тоа е само привремено.

Ова се неколку нешта за сексот на возрасни години кои самите ќе ги откриете во текот на животот:

1. Зачестеноста на сексот не паѓа толку колку што мислите

Сексуалната желба е различна кај секого, па така и фреквенцијата на сексуалните односи во текот на неделата или месецот.

Во просек, младите до 29 години имаат 112 сексуални односи годишно, односно два пати неделно.

Од 30 до 39 имаат 86 пати секс годишно, а над 40 години околу 69 пати во просек. Овие бројки, секако, може да варираат.

Тоа значи дека не треба да се плашите дека во текот на животот ќе престанете да го сакате сексот. Сепак, вашите сексуални нагони зависат само од тоа како вие се чувствувате.

iznenaduvachki-neshta-za-seksot-koi-kje-gi-doznavate-kako-shto-pominuvaat-godinite-02.jpg

2. Физичките промени на телото го менуваат сексот

Телото се менува во текот на годините и едно 40-годишно лице сигурно не може да го изведе истиот „перформанс“ како кога имало 25 години, без разлика дали е жена или маж.

Но, ако тие промени целосно ве попречуваат во интимниот живот, имате болки и други непријатности, за тоа морате да го известите својот матичен лекар.

3. Животот може да ви застане на патот

Кога сте возрасна личност, сигурно веќе имате барем кариера која стигнала до одреден момент од напредокот. Потоа, можеби имате семејство и најразлични грижи поради кои не ни помислувате на секс.

Ова е сосема нормално и е еден од главните параметри кои го намалуваат просечниот број на сексуални односи кај лицата над 40 години.

4. Оргазмите стануваат сè полесни

За среќа, оргазмите се постигнуваат многу полесно, особено кај жените. Тие на возраст над 40 години сè повеќе пати ќе доживуваат повеќекратни оргазми.

А, кога ќе пристигне менопаузата, тие подеднакво ќе уживаат, но без стравот од бременост.

iznenaduvachki-neshta-za-seksot-koi-kje-gi-doznavate-kako-shto-pominuvaat-godinite-03.jpg

5. Сексот е повеќе за уживање

Во младоста ни е важно да постигнеме оргазам или повеќе оргазми, дури и по цена да ги занемариме другите нешта.

Со текот на времето учиме дека навистина важни се и предиграта, близината, нежностите и сексот, на некој начин, станува нешто што нè зближува со партнерот во секој можен поглед.

Во зрелоста, не се обрнува толку внимание на вагиналната сувост или кратката ерекција, кога веќе други нешта се многу поважни од тоа.

6. Жените полесно го бараат она што го сакаат

Возрасните жени немаат проблем отворено да му признаат на партнерот што сакаат од сексот и тоа да си го побараат.

Младите девојки често се срамат од своите желби или фетиши, но со текот на времето тоа се надминува.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg