3 работи кои треба да ги избегнувате при изборот на идеален подарок за вашиот партнер

Се ближи некоја посебна прилика како неговиот роденден, вашата годишнина или новогодишни празници и веќе ве фаќа паника со што да го израдувате вашиот сакан?

3-raboti-koi-treba-da-gi-izegnuvate-pri-izborot-na-idealen-podarok-za-vashiot-partner-01.jpg

А, секоја наредна година купувањето на идеален подарок ви се чини како невозможна мисија?

Овој пат нема да дознаете кој е идеалниот подарок, но барем ќе знаете кои три работи треба да ги елиминирате при изборот на подароци.

Исто така во прилог имате и краток совет кој ќе ви помогне во потрагата по совршен подарок:

Не купувајте колан и кравати на своја рака

Со досадните подароци како што се коланот и краватата, нема да го израдувате вашиот партнер. Доколку тој редовни ги носи, тогаш тоа ќе биде само уште едно во низата, која се трупа во неговиот веќе преполн орман.

Доколку, пак, повремено става кравата и колан – тогаш одете заедно на шопинг и одберете ги заедно. Сепак, кога станува збор за таквите детали, мажите секогаш имаат истенчен вкус.

3-raboti-koi-treba-da-gi-izegnuvate-pri-izborot-na-idealen-podarok-za-vashiot-partner-02.jpg

Не купувајте работи кои ќе му помогнат да биде она што вие сакате

Не бидете себични и прифатете го стилот на вашиот партнер онаков каков што е. Сигурно ни вие не би сакале некој да ве стави во незгодна ситуација и да ве „натера“ да облечете нешто за кое сметате дека е модна катастрофа.

Покажете дека го цените онаков каков што е и не му го купувајте она за кое знаете дека нема да му се допадне.

3-raboti-koi-treba-da-gi-izegnuvate-pri-izborot-na-idealen-podarok-za-vashiot-partner-03.jpg

Не му купувајте ништо за на работа

Подарокот не треба да го потсетува на времето кое го поминува на работното место, туку треба да е поврзано со неговото слободно време. Покажете почит кон неговите активности во слободното време и не го терајте пред колегите да носи блузи со смешни натписи.

3-raboti-koi-treba-da-gi-izegnuvate-pri-izborot-na-idealen-podarok-za-vashiot-partner-004.jpg

Совет плус:

Уникатните парчиња облека, работите кои ги пратат неговите интереси и хобија, работите за кои горделиво ви зборувал и би се фалел се секогаш добар избор.

Најбитно е да го слушате својот партнер, разговарајте за неговите желби и на таков начин сигурно ќе откриете за каков подарок од секогаш мечтаел.

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg