15 приказни од една реченица, што ви ја враќаат вербата во љубовта
„Среќни до крајот на животот конечно имаше смисла во мигот кога се сретнаа. Тој ѝ шепна: „Јас сум ништо без тебе“ и тоа беше тоа.“
За љубовта се пишуваат романи, но понекогаш доволно е само една реченица за да се прикаже нејзината моќ.
Кратки љубовни приказни што го разигруваат срцето:
1. Љубов како нивната се случува еднаш во векот, говореа за нив.
2. Тој ѝ шепна: „Јас сум ништо без тебе“ и тоа беше тоа.
3. Среќни до крајот на животот конечно имаше смисла во мигот кога се сретнаа.
4. Средношколските партнери по години се сретнаа повторно, се прегрнаа како да не поминало ниту миг.
5. Тие се караа како што водеа љубов – со страст и милост.
6. Се прегрнаа и ја видоа својата заедничка иднина.
7. Љубов како нивната може да го направи светот подобро место за живот.
8. Кога се смеат заедно, тоа е магија што не може да биде игнорирана.
9. Тоа беше вид на страст за каква се пишуваат песни.
10. Таа го разбираше како никој друг и тоа беше доволно.
11. Нивната поврзаност прави искри да летаат, самовили да танцуваат и луѓе да плачат.
12. Почувствуваа дека ќе умрат држејќи се за раце и тоа беше тоа.
13. Ако се рашири нивната љубов би можела да го излечи светот.
14. Беа бесрамно зависни, се потпираа еден на друг секој ден.
15. Сè беше подобро кога беа заедно.
С. С. | Црнобело