Што прво прават мажите, а што жените кога некој навистина им се допаѓа?
Кога ќе запознаете некој кој навистина многу ви се допаѓа, почнувате да мислите само на тоа, да раскажувате на пријателите и да станувате „опседнати“ со личноста.
Но, сепак ова не важи за сите, а има разлика и дали се работи за реакција на девојките или мажите.
Па така, девојките реагираат слично кога ќе запознаат момче што им се допаѓа, а момците пак имаат други реакции кога ќе ја запознаат девојката од соништата.
Што прават мажите, а што жените кога некој многу им се допаѓа?
Жени – веднаш им кажуваат на другарките
Мажи – чекаат да видат што ќе испадне, па тогаш им кажуваат на другарите
Жени – ги бришат апликациите за онлајн запознавање заради лоши спомени
Мажи – ги бришат апликациите за онлајн запознавање за таа да не ги види
Жени – се согласуваат на состаноци кои не им се омилени... како планинарење
Мажи – се согласуваат да гледаат здодевни романтични комедии
Жени – го планираат следниот состанок по неколку дена за да не бидат нападни
Мажи – глумат малку ладни за да не бидат нападни
Жени – го канат дома на филм
Мажи – ја канат дома да ѝ готват
Жени – се обидуваат да носат различна облека на секое гледање
Мажи – ја носат облеката во која се чувствуваат најудобно
Жени – почнуваат да си ја планираат иднината и да фантазираат
Мажи – го живеат моментот
Жени – се трудат да смислат забавни идеи за состаноци иако најмногу сакаат да останат дома
Мажи – се надева дека нема да измислува фенси состаноци и скапи вечери
М. М. | Црнобело