Банални работи за кои паровите најчесто се расправаат

Повеќето конфликти во романтичните врски се предизвикани од банални работи, кои постојано се вртат во круг.

8-banalni-raboti-za-koi-parovite-najchesto-se-raspravaat-01.jpg

Посебно, оние кои живеат заедно, најчесто се расправаат околу ситници како кој ќе ги измие садовите, кој ќе го фрли ѓубрето на -10, зошто капакот од тоалетната шолја не е спуштен и слично.

Веројатно многу парови ќе се препознаат во овие ситуации, за кои веројатно и не постои спас.

Ова се најбесмислените и банални работи заради кои паровите се расправаат:

Не спуштање капак од шолја

На девојките им оди на нерви кога ќе влезат во бањата и ќе видат дека капакот од шолјата е кренат и драмата почнува – тие викаат и се расправаат, додека мажот не сфаќа што е толку голем проблем и зошто не може самите да си го спуштат без да прават драма. Тој постојано го крева и не се жали...

8-banalni-raboti-za-koi-parovite-najchesto-se-raspravaat-02.jpg

Кој ќе ги измие садовите

Ручате во хармонична атмосфера и сè е во ред, кога одеднаш доаѓа време за миење садови...

Мажот брза да фати место на каучот бидејќи има фудбал, а жената почнува да се жали дека по цел ден работа и готвење, и таа има право да се испружи и да прочита една книга.

Скандалот ги преминува сите граници, до степен што натпреварот веќе е завршен, а книгата уште не е отворена, а во кујната има брдо садови.

8-banalni-raboti-za-koi-parovite-najchesto-se-raspravaat-03.jpg

Кога ќе снема тоалет хартија

А, секогаш се случува во погрешно време и не проверувате однапред дали има тоалет хартија каде што секогаш стои, па кога ќе посегнете и сфатите дека ролната е празна, почнувате да правите листа со обвиненија за партнерот кој бил последен во тоалет...

8-banalni-raboti-za-koi-parovite-najchesto-se-raspravaat-04.jpg

За тоа што едниот не знае да направи добра слика од партнерот

Жените најчесто посакуваат да имаат совршени фотки каде и да отидат, но се соочуваат со проблемот што момчето не знае да направи ниту една добра фотка и ги фаќа во сите најлоши пози. Мажите пак, сонуваат за девојки кои нема да ги заморуваат да ги сликаат на секој чекор...

8-banalni-raboti-za-koi-parovite-najchesto-se-raspravaat-05.jpg

За тоа што едниот се шета со чевли низ дома

„Само што го избришав подот, зошто шеташ со чевли?!“ – вака звучи почетокот на скандал во кој едниот се жали дека другиот не ја почитува неговата работа и труд и мисли само на себе..

8-banalni-raboti-za-koi-parovite-najchesto-se-raspravaat-06.jpg

За тоа што едниот ја остава пастата отворена

Кога едниот ќе влезе да измие заби и ќе забележи дека капачето не е затворено, следи драма, бидејќи – колку може да биде тешко да ја затворите пастата по употреба?!

8-banalni-raboti-za-koi-parovite-najchesto-se-raspravaat-07.jpg

За тоа што едниот гледа нова епизода без другиот

Паровите најчесто имаат слични интереси и кога станува збор за гледање серии, па многумина заедно гледаат епизода по епизода. Но, кога едниот ќе ја изгледа следната епизода без да го почека другиот, тогаш настанува скандал... Веројатно ви е познато.

8-banalni-raboti-za-koi-parovite-najchesto-se-raspravaat-08.jpg

За алармот

Колку пати се случило да не мора да станете толку рано, но алармот на партнерот да ја изместува цела куќа од место, додека тој мирно спие и воопшто не го слуша? Па, вие мора да станете, да одите до неговиот телефон и да го исклучите алармот, па ако дознаете дека тој се преправа...

8-banalni-raboti-za-koi-parovite-najchesto-se-raspravaat-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg