Најтажните причини поради кои жените мислат дека никогаш нема да ја најдат љубовта
Изненадувачки голем број жени се откажале од намерата да ја најдат својата љубов. Звучи жестоко и брутално, но тоа е вистината.
Причини за тоа имасекакви, од разумни до бизарни, но најголемиот дел се навистина тажни.
Сепак, овие се најтажните:
Се плашат да бидат повредени
Оваа причина е најчеста кај жените кои биле повредени повеќе од еднаш. Избегнувањето на љубовта е нивни начин да се заштитат од тоа повторно да бидат повредени.
Се збуниле со проблемите
Вљубувањето само по себе не им е проблем, туку вљубувањето во погрешна личност е она што ги плаши. Мислејќи дека нема друг излез, решиле да се откажат.
Имаат намалена самосвесност
Некои жени се склони кон проблематични мажи, но не се свесни за тоа. Потребно е овие жени да ја „пробијат“ сопствената шема и да направат нешто поинаку од вообичаено.
Пребрзо се откажуваат
Постојат жени кои никако не можат да прифатат да жртвуваат нешто, за да добијат нешто друго. Тоа важи и за љубовта. Едноставно, не сакаат да губат време за нешто што не може да успее.
Еднаш сакале и мислат дека не можат пак
Ова е најтажната категорија на причини за откажување од љубовта. Секој може да сака повторно и повторно и повторно. Срцето и чувствата лесно закрепнуваат по некое време, само ако личноста искрено верува во тоа.
Е. Д. | Црнобело