30 луди совети за девојките што сакаат очајно да се омажат
Дознајте повеќе за девојките со кои никогаш не се оженил и не ги повторувајте нивните грешки. Ако е богат, кажете му дека ве привлекуваат неговите пари, вашата искреност ќе го заинтригира.
Многу работи биле поинакви во минатото, па така и пристапот кон љубовта.
На социјалните мрежи осамна објава со совети за девојките кои очајно сакаат да се омажат од весникот McCall’s од 1958 година.
Некои од нив се навистина луди и слатко ќе ве насмеат.
Како да сретнете потенцијален сопруг:
- Земете куче и шетајте го.
- Организирајте автомобилот да ви се „расипе“ на вистинското место.
- Гледајте во делот некролог за да видите дали некој добар маж станал вдовец.
- Станете медицинска сестра или стјуардеса – најголеми се шансите да се омажите.
- Во јавен превоз не седнувајте до жени, туку само до мажи.
- Кажете им на сите пријатели дека сакате да се омажите. Тоа не треба да биде тајна.
- Бидете фини со сите, може да имаат браќа или синови соодветни за вас.
- Не плашете се да комуницирате со поубави девојки од вас, може да бирате од мажите кои ги оставаат зад себе.
Како да привлечете внимание на маж:
- Носете завој, луѓето секогаш ќе ве прашуваат што ви се случило.
- Смејте се на неговите шеги.
- Научете да печете вкусна пита од јаболка, однесете ја на работа и дадете им на ергените.
- Заработувајте повеќе пари.
- Застанете во аголот, нежно плачете за тој да дојде и да праша што не е во ред со вас.
Што да направите за да изгледате добро во очите на мажот:
- Мажите мислат дека се разбираат во парфеми, па прашајте ги за мислење.
- Купете си очила со убава рамка, мажите сакаат да флертуваат со девојки со очила.
- Носете високи потпетици за да изгледа поатрактивно, освен ако тој не е понизок од вас.
- Кажете му дека е привлечен.
- Грижете се за своето здравје. Мажите не сакаат болни девојки.
- Не му кажувајте за вашите алергии.
- Бидете на диета, ако треба.
- Не бидете многу пребирливи.
- Не цимолете.
Како да го натерате да се ожени со вас:
- Бидете флексибилни, дури и да ви откаже за на игранка за да се вози со брод, мирно прифатете иако сте во најубавиот фустан.
- Дознајте повеќе за девојките со кои никогаш не се оженил и не ги повторувајте нивните грешки.
- Научете да играте покер.
- Ако е богат, кажете му дека ве привлекуваат неговите пари, вашата искреност ќе го заинтригира.
- Не бидете мамина ќерка, не дозволувајте да дознае дека ќе има проблем со тоа, иако сте сигурни дека ќе има.
- Кажете му дека ризикот за прерана смрт кај сингл мажите е 2 пати поголема отколку кај женетите.
Луди идеи за најочајните:
- Одете на плажа во ек на сезона и преправајте се дека се давите.
- Ставете си фотографија од вас со вашиот телефон на билборд.
- Земете апарат со вас и барајте слатки странци да ве сликаат.
С. С. | Црнобело