5 љубовни лекции
За почеток запознајте се себе си. Кој сте? Кои се вашите вредности? Што сакате? Што би сакале да правите во иднина? Ако не ги знаете основните работи за...
...себе, како ќе се презентирате пред некој друг? Се чини дека за сите знаеме повеќе отколку за себе. Иако е тешко да се најде време, најдете го и истражете се себе си.
А, потоа добро научете ги овие лекции за љубовта:
1. Земете се со најдобриот пријател. Дали попрво би го поминале животот со најдобриот пријател отколку со жена/маж која сте ја запознале на шанкот и не бил/а претерано љубезен/на со вас?
2. Компатибилноста е клуч. Слушајте како зборува за своето семејство. Посебно за мајка си. Можеби ова звучи ужасно, но многу зборува за неговата личност. Колку е близок/блиска со семејството? Колку ќе се грижи за сопственото семејство кога ќе го основа?
3. Држете се подалеку од лажговци. Следете го својот инстинкт. Обично ситните лаги се во ред за врската и бракот, се додека не станат крупни лаги, навика и не го уништат она што сте го граделе. Оние кои ги познавате лесно може да ги препознаете кога лажат.
4. Луѓето сакаат да играат игри во животот. Особено ова е вака на почетокот на врската. Немојте да се земете со некого, ако не сте ги поминале заедно сите годишни времиња. Дури кога ќе видите како се однесува за родендени, Нова година, одмори и други празници, ќе може да го процените неговиот карактер.
5. Секогаш вклучете ја логиката. Иако се вели дека срцето и мозокот немаат ништо заедничко, не се согласувајте со ништо што може да ве омаловажи, навреди или да го промени мислењето на другите за вас.