Закоравени верувања за сексот кои го уништуваат задоволството

Кога е сексот во прашање нема делење на машки и женски работи. Секој може да му пружа какво сака задоволство на партнерот, како и да очекува да биде задоволен на најдобриот начин.

polovite-podelbi-mozhat-da-go-unishtat-seksualnoto-zadovolstvo-na-povekje-nivoa-01.jpg

Но, како и во секоја друга област, општите размислувања наметнуваат стеги дека одредени активности се соодветни за мажите, но не и за жените и обратно. Во сексот не треба да очекувате одредена акција од партнерот само поради тоа што припаѓа на одреден пол. Задоволството треба да биде природно, наместо наметнато.

Една од најчестите поделби е дека мажот, како претставник на посилниот пол, треба да биде доминантен и да го „граба“ задоволството од субмисивната партнерка. Ова е далеку од правилно, а може да го уништи сексуалното задоволство на многу начини.

Намален приоритет на женското задоволство

Веќе одамна помина времето кога се мислело дека жените треба да им бидат потчинети на мажите - и во сексот и во реалниот живот.

polovite-podelbi-mozhat-da-go-unishtat-seksualnoto-zadovolstvo-na-povekje-nivoa-02.jpg

Мажите треба да бидат главни

Верување со поминат рок - тоа не треба да ја спречи жената да преземе акција, доколку партнерот е несигурен, ниту пак да го обесхрабрува него да го прифати „ловот“ на жената.

Судење врз основа на бројот на партнери

Веќе ни е познато како генерално се гледа на жена со повеќе партнери, а како на маж со истата бројка. Време е да се престане со судење и за оние кои имаат непостојани партнери и за оние кои избрале дека подолг период ќе апстинираат.

polovite-podelbi-mozhat-da-go-unishtat-seksualnoto-zadovolstvo-na-povekje-nivoa-03.jpg

Мажот не смее да покаже емоции

Уште едно од закоравените и уназадени сфаќања кое ја исклучува човечката емоционална интелигенција и создавањето врски. Нема ништо лошо во тоа мажот да ѝ покаже на партнерката колку ја сака за време на сексот.

Објективизирање на жените

Игрите во спалната соба дозволуваат сè, но жените не смеат да продолжат да ги објективизираат своите тела и во нормални услови.

polovite-podelbi-mozhat-da-go-unishtat-seksualnoto-zadovolstvo-na-povekje-nivoa-04.jpg

Само мажите може да силуваат жени

Иако оваа точка нема многу заедничко со обостраното сексуално задоволство, важно е да се напомене дека и жените може да имаат биолошка потреба да го „нападнат“ партнерот. Треба да се заборави на тоа дека мажите се предатори и дека тие повеќе сакаат сексуално задоволство по секоја цена отколку жените.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg