Исповед на 5 разведени жени: Што посакувам да направев поинаку во бракот?
Очекувањата може да го убијат бракот. Погрешните потези може да го убијат бракот. 5 жени отворено проговорија за тоа.
Во екот на емоции кажуваме и правиме работи кои не ги мислиме. Понекогаш сме премногу исплашени или премногу горди за да комуницираме правилно за нашите потреби.
Разведени жени одговараат на прашањето што би направиле поинаку во нивниот брак:
„Посакувам да побарав помош кога ми беше потребно.“
Жал ми е само за една работа во животот, тоа што не зборував кога ми беше потребна помош. Само што се венчавме, станав сопруга и мајка наеднаш и очекувањата и притисокот врз мене делуваа разорувачки. Требаше да бидам и супер мајка и совршена сопруга. Додека чистев, готвев, доев, се трудев да изгледам како супермодел. Си поставував невозможни цели и едноставно прегорев. Го завршив бракот затоа што ми изгледаше како единствениот начин за да ставам на крај на стресниот живот кој си го креирав. Бев лута на партнерот, кој не разбираше зошто. Посакувам само да му кажев на мојот поранешен сопруг: „Потребна ми е помош“. Ако зборев со него за моите емоции, можеби бракот ќе ни опстанеше.
„Посакувам да имав храброст да им ставам крај на работите побрзо.“
Се каам што дозволив лошата ситуација да трае толку долго. Уште на почетокот од бракот се каравме многу. Посакувам да имав храброст да се соочам со проблемот побрзо. Ја избегнував лошата вистина и дозволив нашиот живот заедно да се претвори во страдање.
„Посакувам да сфатев дека да се биде сопруга не е единствената работа која ме дефинира.“
Најмногу ми е жал што во бракот немав автономија. Создадов нездрава динамика и го гледав мојот сопруг како поважната личност во врската. Наместо да бркам значајна кариера, да имам хоби и да се развивам, јас се идентификував само со улогата на сопруга. Таа му даваше чувство дека сум вредна како жена. Кога динамиката стана нездрава, морав да избегам од тоа. Сфатив дека сета моја моќ ја ставив во рацете на друг.
„Посакувам да преземев одговорност, наместо постојано да го вперувам прстот во друг.“
Бев толку зафатена барајќи ја вината во мојот партнер, што не обрнував внимание на малите работи кои можев да ги направам поинаку. Жалам за тоа. Бев млада и делумно незрела и не знаев дека не можам да очекувам друг да направи да бидам среќна и исполнета. Мислев дека крајот на бракот дојде затоа што тој беше проблемот. Посакувам да знаев дека во бракот има различни фази и дека вреди понекогаш да се потрудите малку повеќе за да функционираат работите. Разводот делуваше многу негативно врз моите деца, жалам за тоа.
„Посакувам да научев како да зборувам со јазикот на љубовта.“
Посакувам да го сакав на начинот на кој нему му требаше да биде сакан. Дури по разводот сфатив дека љубовта има свој јазик. За мене јазикот на љубовта беа физички допири и квалитетно време заедно, а за него помош и зборови за поддршка. Постојано бевме во судир, не се разбиравме. Тој правеше работи кои правеа да се чувствува гордо, но јас го критикував и тоа беше спротивното од она што нему му беше потребно за да се чувствува сакано.
С. С. | Црнобело