Физички реакции со кои телото ви покажува дека партнерот не е за вас

Некогаш, кога ќе започнете врска со некого, колку и да ви е убаво, длабоко во себе знаете дека тоа нема да биде трајно.

fizichki-reakcii-so-koi-teloto-vi-pokazhuva-deka-partnerot-ne-e-za-vas-01.jpeg

Следен пат кога ќе почувствувате такво нешто, препознајте ги знаците кои вашето тело ви ги испраќа. Иако вашиот мозок можеби не ги процесира тие нешта, телото знае дека нешто не „штима“.

Слушајте го своето тело, тоа знае што ви кажува.

1. Прстите на дланките и стапалата ви треперат

Ова е реакција на телото дека станувате нервозни во близина на партнерот и инстинктивно барате излез. Обрнете внимание како реагирате кога разговарате  или кога се бакнувате и милувате. Едноставно, внатрешниот инстинкт знае дека нешто не е во ред.

fizichki-reakcii-so-koi-teloto-vi-pokazhuva-deka-partnerot-ne-e-za-vas-03.jpg

2. Грлото ви се суши и едвај зборувате

Според духовните тренери, ова се случува затоа што ви се блокираат чакрите. Според науката, тоа повторно е реакција на нервоза и чувство на небезбедност и притаен страв кога сте во близина на личност на која инстинктот не ѝ верува.

3. Имате главоболка

Доколку забележите дека ве боли главата кога сте заедно со партнерот, размислете зошто тоа се случува. Тоа е порака од вашето тело дека енергијата на таа личност е спротивна на вашата, особено ако немате главоболки кога сте разделени.

fizichki-reakcii-so-koi-teloto-vi-pokazhuva-deka-partnerot-ne-e-za-vas-02.jpg

4. Губите здив

Кога сте со некој со кој навистина се сакате и сте блиски, треба да бидете релаксирани и мирни. Доколку имате губење на здивот и тахикардии, тоа е јасен знак дека треба да обрнете повеќе внимание и да увидите што не е во ред.

5. Постојано имате грутка во стомакот

Ако се исклучени дигестивните проблеми, тогаш почнете да ја барате причината во нешто подлабоко. Тоа не го исклучува партнерот и неговиот карактер, бидејќи иако вашиот ум одбива да прифати, телото веќе знае дека не е вистинскиот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg